Пратеникот Влатко Ѓорчев за време на посетата на Вашингтон се сретна со конгресмените Роберт Питинџер и Ричард Хадсон од Републиканската партија на САД.

На средбите со двајцата конгресмени станало збор развивањето на билатералните односи меѓу САД и Македонија, како земји кои имаат потпишано договор за стратешко сојузништво и партнерство.

Влатко Ѓорчев во работна посета на Вашингтон (фото: ВМРО-ДПМНЕ)

Во соопштението до медиумите испратено од ВМРО-ДПМНЕ пишува дека Ѓорчев ги информирал соговорниците за актуелните состојби во Македонија, влошените енономски индикатори, политичкиот прогон, контролата на институциите од страна на власта и проблемот со слободата на медиумите.

Конгресмените Питинџер и Хадсон му се заблагодариле за посетата и нагласиле дека со внимание ќе ги следат состојбите и случувањата во Македонија.

Влатко Ѓорчев во работна посета на Вашингтон (фото: ВМРО-ДПМНЕ)

Ѓорчев се заблагодарил за приемот, нагласувајќи го долгогодишното партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД како сестрински партии на десниот центар.

На крајот, пратеникот Ѓорчев им изрази сочуство на американските конгресмени по повод смртта на поранешниот претседател Џорџ Буш, кој беше голем пријател на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.