Република https://republika.mk/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 06:26:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Република https://republika.mk/ 32 32 Пелистер пак одигра реми во ЛШ https://republika.mk/sport/rakomet/pelister-pak-odigra-remi-vo-lsh/ Thu, 21 Nov 2024 06:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=840111

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа вечера во Битола во дуелот со данскиот тим Фредериција, одигрувајќи 29-29 во рамки на 8 коло во групата А во Лигата на шампиони.

Со вечерашното реми и четвртиот освоен бод, актуелниот македонскиот првак остана на шестото место на табелата кое носи пласман во нокаут фазата во елитното клупско натпреварување.

Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше 13-16, но многу поангажирано го отвори вториот дел и откако во 45 минута го израмни резултатот (22-22), две минути подоцна капитенот Филип Кузмановски му донесе и прво водство на битолскиот тим (24-23).

Натпреварот влезе резултатски израмнет во последната минута (29-29), но Еурофарм Пелистер не успеа да го реализира завршниот напад и со тоа втор пат за три недели да го совлада данскиот вицепрвак.

Богдан Радивојевиќ со седум и Кузмановски со пет голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, додека голманот Никола Митревски запиша пет одбрани.

Во следното 9 коло ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на лидерот на табелата Веспрем на 28 оовој месец

The post Пелистер пак одигра реми во ЛШ appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа вечера во Битола во дуелот со данскиот тим Фредериција, одигрувајќи 29-29 во рамки на 8 коло во групата А во Лигата на шампиони. Со вечерашното реми и четвртиот освоен бод, актуелниот македонскиот првак остана на шестото место на табелата кое носи пласман во нокаут фазата во елитното клупско натпреварување. Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше 13-16, но многу поангажирано го отвори вториот дел и откако во 45 минута го израмни резултатот (22-22), две минути подоцна капитенот Филип Кузмановски му донесе и прво водство на битолскиот тим (24-23). Натпреварот влезе резултатски израмнет во последната минута (29-29), но Еурофарм Пелистер не успеа да го реализира завршниот напад и со тоа втор пат за три недели да го совлада данскиот вицепрвак. Богдан Радивојевиќ со седум и Кузмановски со пет голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, додека голманот Никола Митревски запиша пет одбрани. Во следното 9 коло ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на лидерот на табелата Веспрем на 28 оовој месец

The post Пелистер пак одигра реми во ЛШ appeared first on Република.

]]>
21.11.2024 https://republika.mk/intima/republikanka-na-denot/21-11-2024/ Wed, 20 Nov 2024 23:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=837581

The post 21.11.2024 appeared first on Република.

]]>

The post 21.11.2024 appeared first on Република.

]]>
Британски медиуми: Украина истрела британски проектили со голем дострел врз цели во Русија https://republika.mk/vesti/svet/britanski-mediumi-ukraina-istrela-britanski-proektili-so-golem-dostrel-vrz-tseli-vo-rusija/ Wed, 20 Nov 2024 21:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=840108

Украина за првпат истрела проектили „Сторм шедоу“ доставени од Велика Британија кон Русија, објавија денеска британските медиуми. Потегот на украинските сили е откако Киев доби зелено светло од Лондон за употреба на тој вид оружје.

Неколку проектили биле лансирани против најмалку една руска воена цел, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи неименуван западен претставник.

Тајмс соопшти дека владини извори ја потврдиле употребата на ракетите со голем дострел за првпат. Во извештајот, цитирајќи руски канали, се вели дека 12 од проектилите биле истрелани во Курск, пограничен регион делумно под контрола на украинските сили, денеска попладне.

Гардијан објави дека Велика Британија и дала дозвола на Украина да ги користи ракетите во Русија како одговор на распоредувањето на севернокорејските трупи на границата.

Радиодифузерите Скај Њуз и Би-Би-Си, исто така, јавија за употреба на ракетите.

Кабинетот на премиерот Кир Стармер во Даунинг стрит и Министерството за одбрана одбија да ги потврдат извештаите кога беа контактирани од локални и странски медиуми.

Запрашан денеска во парламентот за извештаите, секретарот за одбрана Џон Хили рече дека „не може да навлегува во други оперативни детали“.

Тој развој на настаните се случува откако Украина почна да користи ракети со голем дострел ATACMS што ги доби од САД, а за чие користење неодамна доби дозвола од американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден, да гаѓа цели во Русија.

Во меѓувреме, Бајден одобри САД да испратат нагазни мини во Украина, за што известуваат и светските медиуми.

САД го засилија испраќањето воена помош за Украина за да го забават постојаниот напредок на руските сили на бојното поле.

Војната во Украина започна во февруари 2022 година, со инвазијата на таа земја од страна на руските трупи.

Русија сега контролира околу 17 отсто од територијата на Украина.

The post Британски медиуми: Украина истрела британски проектили со голем дострел врз цели во Русија appeared first on Република.

]]>

Украина за првпат истрела проектили „Сторм шедоу“ доставени од Велика Британија кон Русија, објавија денеска британските медиуми. Потегот на украинските сили е откако Киев доби зелено светло од Лондон за употреба на тој вид оружје. Неколку проектили биле лансирани против најмалку една руска воена цел, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи неименуван западен претставник. Тајмс соопшти дека владини извори ја потврдиле употребата на ракетите со голем дострел за првпат. Во извештајот, цитирајќи руски канали, се вели дека 12 од проектилите биле истрелани во Курск, пограничен регион делумно под контрола на украинските сили, денеска попладне. Гардијан објави дека Велика Британија и дала дозвола на Украина да ги користи ракетите во Русија како одговор на распоредувањето на севернокорејските трупи на границата. Радиодифузерите Скај Њуз и Би-Би-Си, исто така, јавија за употреба на ракетите. Кабинетот на премиерот Кир Стармер во Даунинг стрит и Министерството за одбрана одбија да ги потврдат извештаите кога беа контактирани од локални и странски медиуми. Запрашан денеска во парламентот за извештаите, секретарот за одбрана Џон Хили рече дека „не може да навлегува во други оперативни детали“. Тој развој на настаните се случува откако Украина почна да користи ракети со голем дострел ATACMS што ги доби од САД, а за чие користење неодамна доби дозвола од американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден, да гаѓа цели во Русија. Во меѓувреме, Бајден одобри САД да испратат нагазни мини во Украина, за што известуваат и светските медиуми. САД го засилија испраќањето воена помош за Украина за да го забават постојаниот напредок на руските сили на бојното поле. Војната во Украина започна во февруари 2022 година, со инвазијата на таа земја од страна на руските трупи. Русија сега контролира околу 17 отсто од територијата на Украина.

The post Британски медиуми: Украина истрела британски проектили со голем дострел врз цели во Русија appeared first on Република.

]]>
„Хамас“: Нема договор за размена на заложници додека Израел не стави крај на војната во Газа https://republika.mk/vesti/svet/hamas-nema-dogovor-za-razmena-na-zalozhnitsi-dodeka-izrael-ne-stavi-kraj-na-vojnata-vo-gaza/ Wed, 20 Nov 2024 21:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=840106

Вршителот на должноста лидер на Хамас, Калил ал Хаја, во интервју за ТВ Ал Акса изјави дека нема да има договор за размена на заложници за затвореници со Израел додека не заврши војната во Појасот Газа.

„Зошто е до отпорот, а поконкретно на Хамас, да ги врати затворениците (заложниците) ако агресијата не престане“, праша Хаја. „Како може разумен или луд човек да ја изгуби силната карта што ја има додека трае војната“, додаде тој.

„Не може да има размена на заробеници додека не заврши војната“, нагласи Хаја, кој го предводи тимот на Хамас вклучен во разговорите со посредство на Катар и Египет. Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за недостатокот на напредок во напорите за постигнување договор.

„Во моментов се остваруваат контакти со некои земји и посредници со цел да се обноват преговорите. Подготвени сме да продолжиме со тие напори, но поважно е да се види вистинска волја од страна на окупацијата да се стави крај на агресијата“, рече Хаја..

„Реалноста докажува дека Нетанјаху е тој што го поткопува процесот“, додаде лидерот на Хамас.

The post „Хамас“: Нема договор за размена на заложници додека Израел не стави крај на војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста лидер на Хамас, Калил ал Хаја, во интервју за ТВ Ал Акса изјави дека нема да има договор за размена на заложници за затвореници со Израел додека не заврши војната во Појасот Газа. „Зошто е до отпорот, а поконкретно на Хамас, да ги врати затворениците (заложниците) ако агресијата не престане“, праша Хаја. „Како може разумен или луд човек да ја изгуби силната карта што ја има додека трае војната“, додаде тој. „Не може да има размена на заробеници додека не заврши војната“, нагласи Хаја, кој го предводи тимот на Хамас вклучен во разговорите со посредство на Катар и Египет. Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за недостатокот на напредок во напорите за постигнување договор. „Во моментов се остваруваат контакти со некои земји и посредници со цел да се обноват преговорите. Подготвени сме да продолжиме со тие напори, но поважно е да се види вистинска волја од страна на окупацијата да се стави крај на агресијата“, рече Хаја.. „Реалноста докажува дека Нетанјаху е тој што го поткопува процесот“, додаде лидерот на Хамас.

The post „Хамас“: Нема договор за размена на заложници додека Израел не стави крај на војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе и честита на Шекеринска https://republika.mk/vesti/makedonija/prestizhnata-funktsija-e-od-golemo-znachene-za-tselata-drzhava-silanovska-davkova-lichno-ke-i-chestita-na-shekerinska/ Wed, 20 Nov 2024 21:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=840104

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот.
Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

The post Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе и честита на Шекеринска appeared first on Република.

]]>

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

The post Престижната функција е од големо значење за целата држава: Сиљановска Давкова лично ќе и честита на Шекеринска appeared first on Република.

]]>
Потполно нова ера за нив: Четири хороскопски знаци го завршуваат 16-годишниот кармички циклус https://republika.mk/zivot/astro/potpolno-nova-era-za-niv-chetiri-horoskopski-znatsi-go-zavrshuvaat-16-godishniot-karmichki-tsiklus/ Wed, 20 Nov 2024 21:15:07 +0000 https://republika.mk/?p=840102

Плутон влезе во знакот Јарец на 1 септември и таму ќе остане до 19 ноември 2024 година, кога планетата на трансформацијата и внатрешната моќ ќе влезе во Водолија.

Станува збор за циклус на ослободување и прифаќање на нови почетоци, а астрологот Ејми Демур за сајтот „Твој танго“ објасни дека овие четири хороскопски знаци ќе влезат во сосема нова ера од нивниот живот.

Овен

Плутон во Јарец можеби се чувствува рестриктивен додека се борите со лидерите и на моќни позиции. Но, сега можеби сте подготвени да ја преземете улогата на авторитет.

Сепак, Плутон во Јарец ве научи многу за дипломатијата, дури и ако одбивате да ги користите овие тактики во секојдневниот живот. Но, лидерството не е само на работа или на училиште – можеби сте научиле да станете лидер и дома.

Плутон во Јарец ви донесе многу одговорности, од кои некои можеби беа предизвикани од влегувањето на Сатурн во Јарецот. Но, сега можете да размислите за вашиот раст, за темелите што сте ги изградиле. Вашите достигнувања се зголемуваат со овој транзит додека Плутон се враќа за да пренесе некои многу потребни лекции на највисоката точка на вашата карта.

Сега работите се полесни додека се подготвувате за уште една битка во која сигурно ќе победите. Сепак, конечно дојде време кога ќе прифатите подипломатски пристап за да ги придобиете пријателите и непријателите. Ја стекнувате почитта од оние околу вас и овој пат треба да научите како да се ослободите од вашата незрела и бунтовничка страна за да ја пречекате помудрата, потрпелива и покооперативна верзија од себе.

Рак

Дефинирачкиот маркер на овој транзит е да станете понезависни преку вашите претходни искуства. Ретроградноста на Плутон во Јарец е лекција за тоа како заштитата на вашите граници ќе ви овозможи да се издигнете.

Вашата способност за љубов веројатно порасна и еволуираше во текот на изминатите 16 години. Во моментов, можеби сте со некој кој ја претставува енергијата што ја барате кај партнерот. Но, ако сте слободни, можеби нема да бидете подготвени да правите компромиси или да се задоволите со помалку.

Друг ефект на овој транзит е вашата врска со минатото и како таа е поврзана со сегашноста. Иако може да биде тешко да се опуштите, видете како овие искуства ве обликувале и ви овозможиле да го промените вашиот пат. Патувањето може да биде различно сега со Плутон, но гледате дека делчињата од сложувалката што недостасуваат почнуваат да се појавуваат.

Со Сатурн во Риби, ќе ја имате потребната основа за да продолжите да откривате кои сте и да се борите за она во што верувате. Го пишувате епилогот од вашата приказна за следните два месеци бидејќи знаете дека следната книга што ќе ја напишете ќе се фокусира на вашата брилијантност и мудрост.

Вага

Пред да видите како се менуваат вашите романтични врски со Плутон во Водолија, ќе се вратите и ќе размислите за оние клучни моменти за време на престојот на Плутон во Јарец кои беа врзани за нивната суштина.

Последните 16 години ви помогнаа да преземете поголема одговорност, што можеби ви овозможи да го совладате лидерството.

На емотивно ниво, Плутон во Јарец можеби ве направил емотивно поинтелигентни и духовно поврзани и тоа треба да го негувате. Плутон ве натера да откриете загатки и историја за домот, овозможувајќи ви да учите и истражувате, транзит што можеби ве направил посочувствителни и подготвени да се грижите за другите.

Иако можеби ви беше тешко, вашето срце еволуирало во овој период и вашата способност да љубите безусловно може да се одрази во сите аспекти од вашиот живот.

Улогите што требаше да ги преземете за време на овој транзит веројатно ќе влијаат на вашата кариера, особено ако станете шеф. Ова може да ви помогне да станете повеќе поврзани со другите бидејќи вашето сочувство и љубезност ќе бидат искрени кон оние околу вас. Плутон ве научи како да се гледате себеси во ново светло и да преземете улоги кои ви помагаат да ја пронајдете и балансирате вашата внатрешна сила.

Јарец

Со повторното влегување на Плутон во вашиот знак, вашиот идентитет ќе биде тема на овој транзит бидејќи вашата еволуција во последните 16 години е очигледна бидејќи планетата на трансформацијата ви помогна да се чувствувате посилни и горди на себе.

Кои сте вие, како пораснавте и ја најдовте својата моќ во изминатите неколку години ќе бидат во центарот на вниманието за време на овој транзит.

Сега фокусот ќе биде да ја вратите вашата позиција и да не бидете обесхрабрени од вашите претходни неуспеси. Со Плутон во вашиот знак, ова може да биде кулминација на сè што сте издржале, научиле и сте прифатиле за време на овој транзит.

Развивањето подобри односи со луѓето околу вас и спремноста да ги слушате може да работи во ваша корист. Транзитот сега сака да ги отворите умот, срцето и духот за она што ви претстои. Веќе нема да ве задржува стравот затоа што преку овие промени ја откривте вашата издржливост и способностите кои ви овозможиле.

The post Потполно нова ера за нив: Четири хороскопски знаци го завршуваат 16-годишниот кармички циклус appeared first on Република.

]]>

Плутон влезе во знакот Јарец на 1 септември и таму ќе остане до 19 ноември 2024 година, кога планетата на трансформацијата и внатрешната моќ ќе влезе во Водолија. Станува збор за циклус на ослободување и прифаќање на нови почетоци, а астрологот Ејми Демур за сајтот „Твој танго“ објасни дека овие четири хороскопски знаци ќе влезат во сосема нова ера од нивниот живот. Овен Плутон во Јарец можеби се чувствува рестриктивен додека се борите со лидерите и на моќни позиции. Но, сега можеби сте подготвени да ја преземете улогата на авторитет. Сепак, Плутон во Јарец ве научи многу за дипломатијата, дури и ако одбивате да ги користите овие тактики во секојдневниот живот. Но, лидерството не е само на работа или на училиште – можеби сте научиле да станете лидер и дома. Плутон во Јарец ви донесе многу одговорности, од кои некои можеби беа предизвикани од влегувањето на Сатурн во Јарецот. Но, сега можете да размислите за вашиот раст, за темелите што сте ги изградиле. Вашите достигнувања се зголемуваат со овој транзит додека Плутон се враќа за да пренесе некои многу потребни лекции на највисоката точка на вашата карта. Сега работите се полесни додека се подготвувате за уште една битка во која сигурно ќе победите. Сепак, конечно дојде време кога ќе прифатите подипломатски пристап за да ги придобиете пријателите и непријателите. Ја стекнувате почитта од оние околу вас и овој пат треба да научите како да се ослободите од вашата незрела и бунтовничка страна за да ја пречекате помудрата, потрпелива и покооперативна верзија од себе. Рак Дефинирачкиот маркер на овој транзит е да станете понезависни преку вашите претходни искуства. Ретроградноста на Плутон во Јарец е лекција за тоа како заштитата на вашите граници ќе ви овозможи да се издигнете. Вашата способност за љубов веројатно порасна и еволуираше во текот на изминатите 16 години. Во моментов, можеби сте со некој кој ја претставува енергијата што ја барате кај партнерот. Но, ако сте слободни, можеби нема да бидете подготвени да правите компромиси или да се задоволите со помалку. Друг ефект на овој транзит е вашата врска со минатото и како таа е поврзана со сегашноста. Иако може да биде тешко да се опуштите, видете како овие искуства ве обликувале и ви овозможиле да го промените вашиот пат. Патувањето може да биде различно сега со Плутон, но гледате дека делчињата од сложувалката што недостасуваат почнуваат да се појавуваат. Со Сатурн во Риби, ќе ја имате потребната основа за да продолжите да откривате кои сте и да се борите за она во што верувате. Го пишувате епилогот од вашата приказна за следните два месеци бидејќи знаете дека следната книга што ќе ја напишете ќе се фокусира на вашата брилијантност и мудрост. Вага Пред да видите како се менуваат вашите романтични врски со Плутон во Водолија, ќе се вратите и ќе размислите за оние клучни моменти за време на престојот на Плутон во Јарец кои беа врзани за нивната суштина. Последните 16 години ви помогнаа да преземете поголема одговорност, што можеби ви овозможи да го совладате лидерството. На емотивно ниво, Плутон во Јарец можеби ве направил емотивно поинтелигентни и духовно поврзани и тоа треба да го негувате. Плутон ве натера да откриете загатки и историја за домот, овозможувајќи ви да учите и истражувате, транзит што можеби ве направил посочувствителни и подготвени да се грижите за другите. Иако можеби ви беше тешко, вашето срце еволуирало во овој период и вашата способност да љубите безусловно може да се одрази во сите аспекти од вашиот живот. Улогите што требаше да ги преземете за време на овој транзит веројатно ќе влијаат на вашата кариера, особено ако станете шеф. Ова може да ви помогне да станете повеќе поврзани со другите бидејќи вашето сочувство и љубезност ќе бидат искрени кон оние околу вас. Плутон ве научи како да се гледате себеси во ново светло и да преземете улоги кои ви помагаат да ја пронајдете и балансирате вашата внатрешна сила. Јарец Со повторното влегување на Плутон во вашиот знак, вашиот идентитет ќе биде тема на овој транзит бидејќи вашата еволуција во последните 16 години е очигледна бидејќи планетата на трансформацијата ви помогна да се чувствувате посилни и горди на себе. Кои сте вие, како пораснавте и ја најдовте својата моќ во изминатите неколку години ќе бидат во центарот на вниманието за време на овој транзит. Сега фокусот ќе биде да ја вратите вашата позиција и да не бидете обесхрабрени од вашите претходни неуспеси. Со Плутон во вашиот знак, ова може да биде кулминација на сè што сте издржале, научиле и сте прифатиле за време на овој транзит. Развивањето подобри односи со луѓето околу вас и спремноста да ги слушате може да работи во ваша корист. Транзитот сега сака да ги отворите умот, срцето и духот за она што ви претстои. Веќе нема да ве задржува стравот затоа што преку овие промени ја откривте вашата издржливост и способностите кои ви овозможиле.

The post Потполно нова ера за нив: Четири хороскопски знаци го завршуваат 16-годишниот кармички циклус appeared first on Република.

]]>
Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mu-ukrale-se-od-avtomobilot-pa-duri-i-podarotsite-za-detsata-vlado-georgiev-ograben-srede-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 20:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=840097

Српскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за непријатната случка.

Имено, пејачот го оставил автомобилот на паркингот во трговскиот центар, а додека купувал работи во продавниците – крадците му зеле се од неговото возило.

Им посакувам сè најубаво на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар Дајмонд во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите, напиша познатиот Барба.

The post Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје appeared first on Република.

]]>

Српскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за непријатната случка. Имено, пејачот го оставил автомобилот на паркингот во трговскиот центар, а додека купувал работи во продавниците – крадците му зеле се од неговото возило. Им посакувам сè најубаво на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар Дајмонд во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите, напиша познатиот Барба.

The post Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје appeared first on Република.

]]>
Пресврт во случајот за убиствата на Вања и Панче: Кешишев со писмо обелодени дека Велибор Манев е убиецот, а не Палчо https://republika.mk/vesti/crna-hronika/presvrt-vo-sluchajot-za-ubistvata-na-vana-i-panche-keshishev-so-pismo-obelodeni-deka-velibor-manev-e-ubietsot-a-ne-palcho/ Wed, 20 Nov 2024 20:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=840100

Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кекишев во писмо напиша дека се кае што посочил лажен убиец на Вања и Панче, но пишува дека тогаш се плашел. Во изјавата напишана пред два дена, а доставена до судечкиот совет вели дека извршител на убиствата е Велибор Манев. На крајот од писмото стои неговиот потпис.

Исто и јас како и вие денес за прв пат се запознав со дадената изјава која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некаква изјава но не би сакал да ја коментирам содржината, имајќи предвид дека ниту потписот е негов дали истиот своеволно ја има пишано или не сакам да помислам дека некоја присилба или закана имало за таква изјава. Во однос на содржината ќе разговарам со него па ќе ве известам и вас - рече Дејан Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев.

На крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. Значи како би ја коментирал…би ја коментирал едноставно во ваков предмет не е совесно еднаш да се изјавува едно, друг пат да се изјавува друго, вели Марјан Витанов, адвокат на Палчо.

Во изјавата Кешишев пишува дека за време на убиствата, Палчо спиел во штабот на „Десна“ и не бил со нив.

Инаку Кешишев и Манев се тие што првично го посочија Палевски како извршител на убиствата. Кешишев ја однесе полицијата до местото каде е закопано девојчето, а Манев до местото каде бил убиен Жежовски.

 

 

 

The post Пресврт во случајот за убиствата на Вања и Панче: Кешишев со писмо обелодени дека Велибор Манев е убиецот, а не Палчо appeared first on Република.

]]>

Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кекишев во писмо напиша дека се кае што посочил лажен убиец на Вања и Панче, но пишува дека тогаш се плашел. Во изјавата напишана пред два дена, а доставена до судечкиот совет вели дека извршител на убиствата е Велибор Манев. На крајот од писмото стои неговиот потпис.
Исто и јас како и вие денес за прв пат се запознав со дадената изјава која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некаква изјава но не би сакал да ја коментирам содржината, имајќи предвид дека ниту потписот е негов дали истиот своеволно ја има пишано или не сакам да помислам дека некоја присилба или закана имало за таква изјава. Во однос на содржината ќе разговарам со него па ќе ве известам и вас - рече Дејан Ефремов, адвокат на Влатко Кешишев.
На крајот на процесот секако ќе има соочување помеѓу сите нив. Значи како би ја коментирал…би ја коментирал едноставно во ваков предмет не е совесно еднаш да се изјавува едно, друг пат да се изјавува друго, вели Марјан Витанов, адвокат на Палчо. Во изјавата Кешишев пишува дека за време на убиствата, Палчо спиел во штабот на „Десна“ и не бил со нив. Инаку Кешишев и Манев се тие што првично го посочија Палевски како извршител на убиствата. Кешишев ја однесе полицијата до местото каде е закопано девојчето, а Манев до местото каде бил убиен Жежовски.      

The post Пресврт во случајот за убиствата на Вања и Панче: Кешишев со писмо обелодени дека Велибор Манев е убиецот, а не Палчо appeared first on Република.

]]>
Додик: Бајден му го загорчи животот на Трамп со одлуката за Украина, сега секој човек треба да биде позагрижен https://republika.mk/vesti/svet/dodik-bajden-mu-go-zagorchi-zhivotot-na-tramp-so-odlukata-za-ukraina-sega-sekoj-chovek-treba-da-bide-pozagrizhen/ Wed, 20 Nov 2024 20:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=840092

Претседателот на Република Српска Милорад Додик рече со одлуката на американскиот претседател во заминување Џо Бајден и неговата администрација да и дозволат на Украина да ја нападне Русија со американски ракети АТАКМС му го загорчил животот на Доналд Трамп.

Додик истакна дека по одлуката на Бајден секој нормален човек сега е позагрижен од порано.

Секој нормален човек сега е повеќе загрижен за можната ескалација, обемот и карактерот на војната отколку пред неколку дена. Пред неколку дена мислам дека имаше општо очекување дека ќе има прекин на непријателствата и дека новата американска администрација ќе може да направи нешто околу тоа, но сега гледаме дека сегашната и администрацијата во заминување и дадоа дозвола на Украина да цел на руските територии со ракети со долг дострел. Јас лично можам да кажам дека Русија има право да се брани и јасно кажа како ќе се справи со овие прашања. Не сум среќен што некој донел одлука да го направи тоа, не сум среќен што тие ракети се истрелани, но Русија има суверено право да ја брани својата територија и таа ќе одреди како ќе го направи тоа - рече Додик.

Тој ја коментираше и можната нуклеарна ескалација.

Претпоставувам дека во краен случај може да дојде до нуклеарна ескалација. Не верувам дека е можно во моментов, но исто така мислам дека се зависи од тоа како ќе се користи. Очигледно, сегашната американска администрација сакаше да му го отежне животот на новиот претседател Доналд Трамп и неговите најави дека може да има брзо решение на прашањето. Ова е сериозен товар за евентуален договор за такво прашање - рече Додик.

The post Додик: Бајден му го загорчи животот на Трамп со одлуката за Украина, сега секој човек треба да биде позагрижен appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска Милорад Додик рече со одлуката на американскиот претседател во заминување Џо Бајден и неговата администрација да и дозволат на Украина да ја нападне Русија со американски ракети АТАКМС му го загорчил животот на Доналд Трамп. Додик истакна дека по одлуката на Бајден секој нормален човек сега е позагрижен од порано.
Секој нормален човек сега е повеќе загрижен за можната ескалација, обемот и карактерот на војната отколку пред неколку дена. Пред неколку дена мислам дека имаше општо очекување дека ќе има прекин на непријателствата и дека новата американска администрација ќе може да направи нешто околу тоа, но сега гледаме дека сегашната и администрацијата во заминување и дадоа дозвола на Украина да цел на руските територии со ракети со долг дострел. Јас лично можам да кажам дека Русија има право да се брани и јасно кажа како ќе се справи со овие прашања. Не сум среќен што некој донел одлука да го направи тоа, не сум среќен што тие ракети се истрелани, но Русија има суверено право да ја брани својата територија и таа ќе одреди како ќе го направи тоа - рече Додик.
Тој ја коментираше и можната нуклеарна ескалација.
Претпоставувам дека во краен случај може да дојде до нуклеарна ескалација. Не верувам дека е можно во моментов, но исто така мислам дека се зависи од тоа како ќе се користи. Очигледно, сегашната американска администрација сакаше да му го отежне животот на новиот претседател Доналд Трамп и неговите најави дека може да има брзо решение на прашањето. Ова е сериозен товар за евентуален договор за такво прашање - рече Додик.

The post Додик: Бајден му го загорчи животот на Трамп со одлуката за Украина, сега секој човек треба да биде позагрижен appeared first on Република.

]]>
Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз https://republika.mk/vesti/skopje/dokolku-do-izutrina-nema-nafta-za-avtobusite-skopje-utre-ke-ostane-bez-gradski-prevoz/ Wed, 20 Nov 2024 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=840088

Денеска јавниот превоз во Скопје, колабираше. Поради недостиг на гориво, повеќето автобуси останаа во гаража, а граѓаните ги опслужуваа само 25 автобуси, што беше причина на постојките да се чека и повеќе од час. Граѓаните револтирани, измрзнати, нервозни незнаеја како да стасаат на училиште, на работа или дома. И овој проблем не е актуелен само денеска. Напротив, утре најверојатно Скопје ќе остане без ниту еден автобус на терен, доколку автобусите не добијат нафта до вечер или утре изутрина, најавуваат од Независниот синдикат на возачи.

Револтирани се сите, па и студентите.

Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје попладнево испрати соопштение во кое има голем број поплаки од состојбата во која се наоѓаат студентите поради нередовниот превоз. Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, Александар Николоски бара итно воспоставување на редовните линии и враќање во нормала на функцијата на јавниот превоз и воведување на нови и ефикасни транспортни решенија. Нивните барања се упатени на адреса на градоначалничката Данела Арсовска и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Ако не се најде решение за јавниот превоз и над 28.000 студенти ќе излезат на протест и ќе им се приклучат на граѓаните кои веќе најавија дека во петок излегуваат на улица.

Данела Арсовска и и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која

одговорија над 3.150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз, нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки, која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се вели во реакцијата на УСС на УКИМ.

Оттаму го доставија следниот ултиматум кој ви го пренесуваме во целост:

Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначаlni;kata на град Скопје, Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје.

Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните: продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција“.

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз.

 

 

The post Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз appeared first on Република.

]]>

Денеска јавниот превоз во Скопје, колабираше. Поради недостиг на гориво, повеќето автобуси останаа во гаража, а граѓаните ги опслужуваа само 25 автобуси, што беше причина на постојките да се чека и повеќе од час. Граѓаните револтирани, измрзнати, нервозни незнаеја како да стасаат на училиште, на работа или дома. И овој проблем не е актуелен само денеска. Напротив, утре најверојатно Скопје ќе остане без ниту еден автобус на терен, доколку автобусите не добијат нафта до вечер или утре изутрина, најавуваат од Независниот синдикат на возачи. Револтирани се сите, па и студентите. Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје попладнево испрати соопштение во кое има голем број поплаки од состојбата во која се наоѓаат студентите поради нередовниот превоз. Претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, Александар Николоски бара итно воспоставување на редовните линии и враќање во нормала на функцијата на јавниот превоз и воведување на нови и ефикасни транспортни решенија. Нивните барања се упатени на адреса на градоначалничката Данела Арсовска и на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Ако не се најде решение за јавниот превоз и над 28.000 студенти ќе излезат на протест и ќе им се приклучат на граѓаните кои веќе најавија дека во петок излегуваат на улица. Данела Арсовска и и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која одговорија над 3.150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз, нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки, која секојдневно го нарушува студенскиот стандард“, се вели во реакцијата на УСС на УКИМ. Оттаму го доставија следниот ултиматум кој ви го пренесуваме во целост: Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначаlni;kata на град Скопје, Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје. Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт. Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска преку соопштение упати поддршка до своите сограѓани за организација на голем сенароден протест пред просториите на Град Скопје, со цел изразување на незадоволството од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз.    

The post Доколку до изутрина нема нафта за автобусите, Скопје утре ќе остане без градски превоз appeared first on Република.

]]>
Украина за првпат лансираше британски ракети со долг дострел на руска територија https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-za-prvpat-lansirashe-britanski-raketi-so-dolg-dostrel-na-ruska-teritorija/ Wed, 20 Nov 2024 19:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=840086

Украина за првпат лансираше британски ракети „Сторм сенка“ со долг дострел на руска територија, објавуваат западните медиуми, повикувајќи се на неименуван западен претставник.

Портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер рече дека неговата канцеларија нема да коментира за извештаи или оперативни прашања.

Велика Британија претходно му порача на Киев дека може да користи крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ на украинска територија, но владата веќе неколку месеци врши притисок врз Соединетите држави да дозволат нивна употреба против цели во Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела и дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел за напади во Русија.

The post Украина за првпат лансираше британски ракети со долг дострел на руска територија appeared first on Република.

]]>

Украина за првпат лансираше британски ракети „Сторм сенка“ со долг дострел на руска територија, објавуваат западните медиуми, повикувајќи се на неименуван западен претставник. Портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер рече дека неговата канцеларија нема да коментира за извештаи или оперативни прашања. Велика Британија претходно му порача на Киев дека може да користи крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ на украинска територија, но владата веќе неколку месеци врши притисок врз Соединетите држави да дозволат нивна употреба против цели во Русија. Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела и дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел за напади во Русија.

The post Украина за првпат лансираше британски ракети со долг дострел на руска територија appeared first on Република.

]]>
Работи кои не смеете да ги правите на Св. Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-sv-arhangel-za-da-izbegnete-losha-sreka-i-neuspeh-drzhete-se-do-ovie-obichai/ Wed, 20 Nov 2024 19:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=840084

Еден од најважните празници во православниот календар, Арангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил.

Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика.

Се верува дека свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба.

Обичаи за Архангел

*Свечена церемонија и славска трпеза

Арангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна.

*Молитва за заштита и мир

Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви.

*Забрането е извршување на потешки работи

Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Арангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување.

*Помагање на сиромашните и донирање

Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите.

Што не треба да се прави на Арангел?

Свадби и прослави

На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави.

Избегнувајте конфликти

Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.

Непосветување на празникот

Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

The post Работи кои не смеете да ги правите на Св. Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи appeared first on Република.

]]>

Еден од најважните празници во православниот календар, Арангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил. Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика. Се верува дека свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба. Обичаи за Архангел *Свечена церемонија и славска трпеза Арангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна. *Молитва за заштита и мир Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви. *Забрането е извршување на потешки работи Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Арангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување. *Помагање на сиромашните и донирање Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите. Што не треба да се прави на Арангел? Свадби и прослави На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави. Избегнувајте конфликти Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството. Непосветување на празникот Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

The post Работи кои не смеете да ги правите на Св. Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи appeared first on Република.

]]>
Вицепремиерот Николоски на средбa со претставници од ЕБОР: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура https://republika.mk/vesti/makedonija/vitsepremierot-nikoloski-na-sredba-so-pretstavnitsi-od-ebor-vladata-e-reshitelna-da-gi-zavrshi-proektite-vo-patnata-i-zheleznichkata-infrastruktura/ Wed, 20 Nov 2024 19:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=840081

Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и делегацијата од Европската банка за обнова и развој предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за финансиската подршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатот Скопје – Блаце, изградба на брза пруга на коридор 10 како и доизградба на пругата на коридор 8.

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја потенцираше решителноста на Владата за реализација на овие проекти и нагласи дека од големо значење е вклученоста на ЕБОР во подобрување и рационализација на проектите на ниво на изводливост се со цел утврдување на најсоодветните варијанти за нивна изградба.

На средбата, исто така се разговараше и за динамиката за изградба на проектите, при што министерот Николоски истакна дека во перидот што следи, Владата ќе ги забрза постапките за реализација.

Денешната средба со ЕБОР беше конструктивна и во насока на изнаоѓање заеднички решенија се со цел да изградиме квалитетен автопат, притоа тој да биде со реални цени, а не како што претходно било планирано и секако да нема штета по буџетот и граѓаните. Работната група работи на изнаоѓање на нова траса и очекувам во скоро време да имаме нова траса поевтина од претходно понудената- истакна министерот Николоски по средбата.

Министерот Николоски додаде дека Македонија е силно посветена на регионалното поврзување и економскиот развој и во таа насока има силна волја во завршување на крупните инфраструктурни проекти.

The post Вицепремиерот Николоски на средбa со претставници од ЕБОР: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Силна подршка за капиталните проекти и унапредување на инфраструктрурата, беа теми на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и делегацијата од Европската банка за обнова и развој предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за Западен Балкан. На средбата се разговараше за финансиската подршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатот Скопје – Блаце, изградба на брза пруга на коридор 10 како и доизградба на пругата на коридор 8. Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја потенцираше решителноста на Владата за реализација на овие проекти и нагласи дека од големо значење е вклученоста на ЕБОР во подобрување и рационализација на проектите на ниво на изводливост се со цел утврдување на најсоодветните варијанти за нивна изградба. На средбата, исто така се разговараше и за динамиката за изградба на проектите, при што министерот Николоски истакна дека во перидот што следи, Владата ќе ги забрза постапките за реализација.
Денешната средба со ЕБОР беше конструктивна и во насока на изнаоѓање заеднички решенија се со цел да изградиме квалитетен автопат, притоа тој да биде со реални цени, а не како што претходно било планирано и секако да нема штета по буџетот и граѓаните. Работната група работи на изнаоѓање на нова траса и очекувам во скоро време да имаме нова траса поевтина од претходно понудената- истакна министерот Николоски по средбата.
Министерот Николоски додаде дека Македонија е силно посветена на регионалното поврзување и економскиот развој и во таа насока има силна волја во завршување на крупните инфраструктурни проекти.

The post Вицепремиерот Николоски на средбa со претставници од ЕБОР: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура appeared first on Република.

]]>
Момчето убиец од Србија денес доби статус на „оштетен“, неговите родители се обвинети за занемарување https://republika.mk/vesti/balkan/momcheto-ubiets-od-srbija-denes-dobi-status-na-oshteten-negovite-roditeli-se-obvineti-za-zanemaruvane/ Wed, 20 Nov 2024 19:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=840079

Коста К., малолетникот кој на 3 мај 2023 го изврши масовното убиство во основното училиште Владислав Рибникар во Белград убивајќи девет врсници и чувар, од денес има статус на оштетен во судската постапка против своите родители, пренесуваат српските медиуми.

Како што изјави Ирина Боровиќ, бранителката на родителите на Коста К., обвинети се за кривично дело занемарување и злоставување малолетно лице. „Тој доби статус на оштетен бидејќи делата за кои се товарат неговите родители се однесуваат на него и штетата која со тоа му е нанесена“, објасни Боровиќ.

Владимир К., таткото на момчето убиец, ги негираше обвинувањата за злоставување и занемарување дете поради кои тој и сопругата се обвинети од Високото јавно обвинителство во Белград. Покрај тоа, тој одбил да одговара на прашања на обвинителот и адвокатот, пренесува Танјуг. Следното рочиште е закажано за 9 декември.

Обвинителството, според српските медиуми, го проширило обвинението, со кое Владимир К. се обвинува за тешко кривично дело против општата безбедност, додека Милијана К., мајката на малолетниот Коста К., е обвинета за кривично дело недозволено чување и носење оружје.

Таа се брани од слобода, додека нејзиниот сопруг е во притвор од апсењето на 3 мај минатата година. Проширеното обвинение следеше по испрашувањето на малолетниот Коста К.

Како што јавуваат српските медиуми, во овој процес им се суди на родителите на момчето, како и на инструкторот на стрелиште Немања М., кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

The post Момчето убиец од Србија денес доби статус на „оштетен“, неговите родители се обвинети за занемарување appeared first on Република.

]]>

Коста К., малолетникот кој на 3 мај 2023 го изврши масовното убиство во основното училиште Владислав Рибникар во Белград убивајќи девет врсници и чувар, од денес има статус на оштетен во судската постапка против своите родители, пренесуваат српските медиуми. Како што изјави Ирина Боровиќ, бранителката на родителите на Коста К., обвинети се за кривично дело занемарување и злоставување малолетно лице. „Тој доби статус на оштетен бидејќи делата за кои се товарат неговите родители се однесуваат на него и штетата која со тоа му е нанесена“, објасни Боровиќ. Владимир К., таткото на момчето убиец, ги негираше обвинувањата за злоставување и занемарување дете поради кои тој и сопругата се обвинети од Високото јавно обвинителство во Белград. Покрај тоа, тој одбил да одговара на прашања на обвинителот и адвокатот, пренесува Танјуг. Следното рочиште е закажано за 9 декември. Обвинителството, според српските медиуми, го проширило обвинението, со кое Владимир К. се обвинува за тешко кривично дело против општата безбедност, додека Милијана К., мајката на малолетниот Коста К., е обвинета за кривично дело недозволено чување и носење оружје. Таа се брани од слобода, додека нејзиниот сопруг е во притвор од апсењето на 3 мај минатата година. Проширеното обвинение следеше по испрашувањето на малолетниот Коста К. Како што јавуваат српските медиуми, во овој процес им се суди на родителите на момчето, како и на инструкторот на стрелиште Немања М., кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

The post Момчето убиец од Србија денес доби статус на „оштетен“, неговите родители се обвинети за занемарување appeared first on Република.

]]>
Политико: ЕП ги одобри преостанатите седум кандидати за комесари, вклучувајќи ја и Каја Калас https://republika.mk/vesti/svet/politiko-ep-gi-odobri-preostanatite-sedum-kandidati-za-komesari-vkluchuvajki-ja-i-kaja-kalas/ Wed, 20 Nov 2024 18:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=840077

Европскиот парламент се согласи да ги одобри сите седум кандидати за комесари, кои не добија зелено светло за извршување на тие функции по сослушувањата пред надлежните комисии, пренесува Политико, повикувајќи се на четворица претставници на ЕП и политички функционери.

Со тоа ќе се стави крај на ќорсокакот во процесот на одобрување кандидати за еврокомесари, што настана меѓу политичките фракции во однос на составот на новата Европска комисија.

Политичката групација на социјалистите и демократите не беше задоволна од одлуката на извршниот потпретседател на италијанската Комисија за кохезија и реформи Рафаела Фито да и се даде толку висока функција, додека Европската народна партија ја доведе во прашање соодветноста на шпанскиот кандидат за извршен потпретседател за фер и конкурентна транзиција Тереза ​​Рибера за таа позиција.
Претходно, вршителот на должноста портпаролка на ЕП, Делфин Колард, најави дека вечерва во 19 часот ќе се сретнат претседателите и координаторите на политичките групи на надлежните комисии за да продолжат со оценувањето на кандидатурите на Оливер Вархеји, Рафаел Фит, Каја Калас, Роксана Минзата, Стефан Сежурн, Хена Виркунен и Тереза ​​Рибера.

Во Европскиот парламент од 4 до 12 ноември се одржаа сослушувања на кандидатите за комесари, на кои 19 од 26 кандидати добија зелено светло од надлежните комисии на ЕП за својата работа, меѓу кои и кандидатката за еврокомесарка за проширување Марта Кос од Словенија.

На одобрување и понатаму чекаат унгарскиот кандидат за комесар за здравје и благосостојба на животните Оливер Вархеји и сите шест кандидати за извршни потпретседатели Тереза ​​Рибера, Рафаела Фито, Стефан Сежурне, Хена Виркунен, Роксана Минзату и Каја Калас, која исто така е назначена за висок претставник на ЕУ за надворешни работи политика и безбедност.

Европскиот парламент треба да гласа за целиот состав на Европската комисија за време на пленарната сесија, што ќе се одржи од 25 до 28 ноември во Стразбур.

Новата ЕК би можела да почне со работа на 1 декември.

The post Политико: ЕП ги одобри преостанатите седум кандидати за комесари, вклучувајќи ја и Каја Калас appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент се согласи да ги одобри сите седум кандидати за комесари, кои не добија зелено светло за извршување на тие функции по сослушувањата пред надлежните комисии, пренесува Политико, повикувајќи се на четворица претставници на ЕП и политички функционери. Со тоа ќе се стави крај на ќорсокакот во процесот на одобрување кандидати за еврокомесари, што настана меѓу политичките фракции во однос на составот на новата Европска комисија. Политичката групација на социјалистите и демократите не беше задоволна од одлуката на извршниот потпретседател на италијанската Комисија за кохезија и реформи Рафаела Фито да и се даде толку висока функција, додека Европската народна партија ја доведе во прашање соодветноста на шпанскиот кандидат за извршен потпретседател за фер и конкурентна транзиција Тереза ​​Рибера за таа позиција. Претходно, вршителот на должноста портпаролка на ЕП, Делфин Колард, најави дека вечерва во 19 часот ќе се сретнат претседателите и координаторите на политичките групи на надлежните комисии за да продолжат со оценувањето на кандидатурите на Оливер Вархеји, Рафаел Фит, Каја Калас, Роксана Минзата, Стефан Сежурн, Хена Виркунен и Тереза ​​Рибера. Во Европскиот парламент од 4 до 12 ноември се одржаа сослушувања на кандидатите за комесари, на кои 19 од 26 кандидати добија зелено светло од надлежните комисии на ЕП за својата работа, меѓу кои и кандидатката за еврокомесарка за проширување Марта Кос од Словенија. На одобрување и понатаму чекаат унгарскиот кандидат за комесар за здравје и благосостојба на животните Оливер Вархеји и сите шест кандидати за извршни потпретседатели Тереза ​​Рибера, Рафаела Фито, Стефан Сежурне, Хена Виркунен, Роксана Минзату и Каја Калас, која исто така е назначена за висок претставник на ЕУ за надворешни работи политика и безбедност. Европскиот парламент треба да гласа за целиот состав на Европската комисија за време на пленарната сесија, што ќе се одржи од 25 до 28 ноември во Стразбур. Новата ЕК би можела да почне со работа на 1 декември.

The post Политико: ЕП ги одобри преостанатите седум кандидати за комесари, вклучувајќи ја и Каја Калас appeared first on Република.

]]>
Русија оваа година освоила речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година https://republika.mk/vesti/svet/rusija-ovaa-godina-osvoila-rechisi-shest-pati-poveke-teritorii-otkolku-vo-2023-godina/ Wed, 20 Nov 2024 18:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=840072

Последните податоци на Вашингтонскиот институт за проучување на војната покажуваат дека Русија оваа година освоила речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година. Руската армија прави „сериозни чекори“ кон заземање на клучните украински логистички центри во источниот регион Донбас, јавува британски Би-Би-Си.

Украинците во Курск не напредуваат доволно, откако летово тие го нападнаа овој регион, а руските трупи по првичниот шок и губење на територијата ја свртија ситуацијата.

Би-Би-Си известува дека многу аналитичари се сомневаат во успехот на офанзивата, а еден ја нарече „стратешка катастрофа“ со оглед на недостигот на „работна сила“, односно војници, со кој се соочува Украина.

За Украинците, времето на оваа акција е исто така контроверзно. Со приближувањето на Доналд Трамп до Белата куќа, имаше се поголема неизвесност за исходот на војната започната во 2022 година. Трамп вети дека ќе стави крај на војната кога ќе ја преземе функцијата во јануари, што некои стравуваат дека ќе значи намалување или прекинување на идната воена помош за Украина.

Во првите неколку месеци од војната, линијата на фронтот се движеше брзо, а Русија брзо освои територии пред украинската контраофанзива. Минатата година ниту една страна не постигна значителен успех, а завојуваните страни, исто како Французите и Германците во Првата светска војна, беа закопани во ровови и во ќор-сокак.

Сепак, новите податоци од Институтот за проучување на војната покажуваат промена во текот на 2024 година кога Русите тргнаа напред.

Досега оваа година руските сили окупираа околу 2.700 квадратни километри територија на истокот на Украина, во цела 2023 година освоија само 465, односно шест пати помалку.

Постои реална можност источниот фронт на Украина „навистина да се сруши“, вели д-р Марина Мирон, соработник на Кралскиот колеџ во Лондон, пренесе Би-Би-Си.

Руските сили окупираа повеќе од 1.000 квадратни километри меѓу 1 септември и 3 ноември, што покажува дека воениот притисок на руските сили е зголемен. Позициите на Украинците се загрозени, особено околу Купјанск и Покровско.

Во неодамнешното ажурирање на разузнавачките служби, британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили се обидуваат да го заземат градот Купјанск и да протуркаат во североисточните предградија.

По заземањето на Угледар на јужниот Донецки фронт, Русите тргнале кон Курахово. Украинските сили кои го бранат градот досега одбиваа напади од југ и исток. Но, линијата на фронтот е се поблиску до градот. Руските сили се приближија и кон Курахово од север и северозапад. На Украинците им станува сè потешко да ги задржат првите редови.

The post Русија оваа година освоила речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Последните податоци на Вашингтонскиот институт за проучување на војната покажуваат дека Русија оваа година освоила речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година. Руската армија прави „сериозни чекори“ кон заземање на клучните украински логистички центри во источниот регион Донбас, јавува британски Би-Би-Си. Украинците во Курск не напредуваат доволно, откако летово тие го нападнаа овој регион, а руските трупи по првичниот шок и губење на територијата ја свртија ситуацијата. Би-Би-Си известува дека многу аналитичари се сомневаат во успехот на офанзивата, а еден ја нарече „стратешка катастрофа“ со оглед на недостигот на „работна сила“, односно војници, со кој се соочува Украина. За Украинците, времето на оваа акција е исто така контроверзно. Со приближувањето на Доналд Трамп до Белата куќа, имаше се поголема неизвесност за исходот на војната започната во 2022 година. Трамп вети дека ќе стави крај на војната кога ќе ја преземе функцијата во јануари, што некои стравуваат дека ќе значи намалување или прекинување на идната воена помош за Украина. Во првите неколку месеци од војната, линијата на фронтот се движеше брзо, а Русија брзо освои територии пред украинската контраофанзива. Минатата година ниту една страна не постигна значителен успех, а завојуваните страни, исто како Французите и Германците во Првата светска војна, беа закопани во ровови и во ќор-сокак. Сепак, новите податоци од Институтот за проучување на војната покажуваат промена во текот на 2024 година кога Русите тргнаа напред. Досега оваа година руските сили окупираа околу 2.700 квадратни километри територија на истокот на Украина, во цела 2023 година освоија само 465, односно шест пати помалку. Постои реална можност источниот фронт на Украина „навистина да се сруши“, вели д-р Марина Мирон, соработник на Кралскиот колеџ во Лондон, пренесе Би-Би-Си. Руските сили окупираа повеќе од 1.000 квадратни километри меѓу 1 септември и 3 ноември, што покажува дека воениот притисок на руските сили е зголемен. Позициите на Украинците се загрозени, особено околу Купјанск и Покровско. Во неодамнешното ажурирање на разузнавачките служби, британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили се обидуваат да го заземат градот Купјанск и да протуркаат во североисточните предградија. По заземањето на Угледар на јужниот Донецки фронт, Русите тргнале кон Курахово. Украинските сили кои го бранат градот досега одбиваа напади од југ и исток. Но, линијата на фронтот е се поблиску до градот. Руските сили се приближија и кон Курахово од север и северозапад. На Украинците им станува сè потешко да ги задржат првите редови.

The post Русија оваа година освоила речиси шест пати повеќе територии отколку во 2023 година appeared first on Република.

]]>
САД со нова воена помош за Украина во висина од 275 милиони долари https://republika.mk/vesti/svet/sad-so-nova-voena-pomosh-za-ukraina-vo-visina-od-275-milioni-dolari/ Wed, 20 Nov 2024 18:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=840070

САД ќе обезбедат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 275 милиони долари, соопшти американското Министерство за одбрана.

Пакетот вклучува муниција за систем за ракетни фрлачи (ХИМАРС), кој има дострел од околу 80 километри. Во пакетот се вклучени и дронови, противтенковско оружје, артилериска муниција од 105 и 155 милиметри, соопшти Пентагон.

САД се најголемиот снабдувач на оружје за Украина. Според податоците на Пентагон, од февруари 2022 година во Украина испратена е воена помош со вкупна вредност од над 60,4 милијарди долари.

The post САД со нова воена помош за Украина во висина од 275 милиони долари appeared first on Република.

]]>

САД ќе обезбедат нов пакет воена помош за Украина во вредност од 275 милиони долари, соопшти американското Министерство за одбрана. Пакетот вклучува муниција за систем за ракетни фрлачи (ХИМАРС), кој има дострел од околу 80 километри. Во пакетот се вклучени и дронови, противтенковско оружје, артилериска муниција од 105 и 155 милиметри, соопшти Пентагон. САД се најголемиот снабдувач на оружје за Украина. Според податоците на Пентагон, од февруари 2022 година во Украина испратена е воена помош со вкупна вредност од над 60,4 милијарди долари.

The post САД со нова воена помош за Украина во висина од 275 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Сите сме многу блиску до смртта: Карлсон ги предупреди Американците https://republika.mk/vesti/svet/site-sme-mnogu-blisku-do-smrtta-karlson-gi-predupredi-amerikantsite/ Wed, 20 Nov 2024 18:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=840074

Дозволата од американскиот претседател Џо Бајден, Киев да гаѓа длабоко во руска територија со американски ракети со долг дострел, ги става во опасност животите на сите Американци, вели американскиот новинар Такер Карлсон.

Претседателот во заминување, Џо Бајден, штотуку започна војна со најопасната земја во светот. Сите сме многу блиску до смртта. Сепак, некако републиканскиот претседател на Претставничкиот дом не го ни спомна, на јавни или на лидерски средби. Што се случува? – праша тој на Икс.

Ако САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека, иако Украина има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.

The post Сите сме многу блиску до смртта: Карлсон ги предупреди Американците appeared first on Република.

]]>

Дозволата од американскиот претседател Џо Бајден, Киев да гаѓа длабоко во руска територија со американски ракети со долг дострел, ги става во опасност животите на сите Американци, вели американскиот новинар Такер Карлсон. Претседателот во заминување, Џо Бајден, штотуку започна војна со најопасната земја во светот. Сите сме многу блиску до смртта. Сепак, некако републиканскиот претседател на Претставничкиот дом не го ни спомна, на јавни или на лидерски средби. Што се случува? – праша тој на Икс. Ако САД престанат да го поддржуваат Киев, Украина ќе ја загуби војната против Русија, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски. Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека, иако Украина има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и дека Киев ќе продолжи да се бори без оглед на одлуката на САД.

The post Сите сме многу блиску до смртта: Карлсон ги предупреди Американците appeared first on Република.

]]>
Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/filipche-skopje-e-vo-kriza-sdsm-initsira-itna-sednitsa-na-sovet-na-grad-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 18:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=840068

Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок. На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани, вели Филипче.

Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, предупредува Филипче.

Искрено се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај останатите партии и советници. Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Со оваа иницијатива, СДСМ јасно покажува дека стои на страната на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со последиците од неработењето на градската администрација, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

The post Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Состојбата во град Скопје е алармантна. Градските улици се гушат во смет, градскиот превоз не функционира, а градот е оставен без основните услуги што ги заслужуваат граѓаните. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок. На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани, вели Филипче. Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, предупредува Филипче. Искрено се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај останатите партии и советници. Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Со оваа иницијатива, СДСМ јасно покажува дека стои на страната на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со последиците од неработењето на градската администрација, наведува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

The post Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Хорор во Кочани: Малолетник со нож избодел дете https://republika.mk/vesti/crna-hronika/horor-vo-kochani-maloletnik-so-nozh-izbodel-dete/ Wed, 20 Nov 2024 17:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=840066

На 19.11.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Кочани.

Според пријавеното, во Кочани тој бил нападнат од друг малолетник, кој употребил остар предмет и му нанел убодна рана. Во врска со настанот, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Хорор во Кочани: Малолетник со нож избодел дете appeared first on Република.

]]>

На 19.11.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен малолетник од Кочани. Според пријавеното, во Кочани тој бил нападнат од друг малолетник, кој употребил остар предмет и му нанел убодна рана. Во врска со настанот, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Хорор во Кочани: Малолетник со нож избодел дете appeared first on Република.

]]>