На редовната седница на Владата одржана во вторникот беше одлучено да се тргне оградата од ковано железо, а на нејзино место да се засади живица, жива ограда која ќе го симболизира животот во Македонија.

Предлогот дошол директно од премиерот Зоран Заев, кој је био практичен и на течен југословенски ги убедувал министрите за насушната потреба од жива ограда околу владата.

Нисмо ми мајмуни иза решетки. Ќе ја извадимо оваа железна ограда, мени личи на кафезу и ја се боју када долазим овде. И текна ми бољу идеју – да ставимо живица. Да га симболизира живот! Живот не видеја граѓани, бар нека гледју у зелено кога доаѓаат овдека со транспаренти. Читал сам по учебници, зелено смирује живци. Хахаха, живот – живци – живица, хахха, образложил премиерот, а по кратко размислување прифатиле и министрите.

На седницата било констатирано дека живата ограда е попрактична, зашто е полесна за прескокнување, а и не ги кине гаќите при јанино, јанино.

Министрите Албанци го поздравиле новиот предлог на премиерот со образложение дека конечно им ја доближил шумата до владата. Во името на сите министри Албанци, се обратил потпретседателот на Владата, кој случајно наминал на 117 редовна седница, Хазби Лика. И тој, за да буде практичан, му возвратил на премиерот на југословенски есперанто.

Ми смо бегали у шума, по планини, ноге смо кршили, бронхитисе хватали, а сега го имамо шуму тука од фотељу. Ево, и јас обеќавам ќе обилазим овај золошки врт и нема да бежим од њега.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.