Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денес соопшти дека телефонски разговарал со Дедо Мраз кој му ветил дека на новогодишната ноќ на сите гласачи на СДСМ ќе им даде по 6000 евра односно 12 износи по 500 евра.

Според Заев, ова не е се – Дедо Мраз ветил дека во Македонија ќе донесе инвестиции од Гугл, Фејсбук, Наса, Мерцедес, Хуавеј, Сони, Икеа, Лего и многу други фабрики, ќе пронајде нафта во светиниколско, ќе биде направен Дизниленд како и дека ќе се отворат 10-тина рудници за дијаманти со кои Македонија ќе заблеска.

Со големо задоволство зборував со Дедо Мраз лично, на телефон, но не на Вацап туку на Телеграм, за да не испадне дека повторно некој лажно ми се претставува. И сакам да ги израдувам граѓаните со една радосна вест, а тоа е дека чуда ќе се случуваат во Македонија, ќе има плата, пари, нафта, фабрики за чоколади или слично, рече Заев видно насмеан и расположен поради прекрасните вести кои ги соопшти.

Покрај наведените инвестиции и откритија, Дедо Мраз и Заев се договориле доколку нема доволно работници за сите нови фабрики, да донесе Македонци од Украина, каде што според новите сознанија на премиерот Заев своевремено достигнала империјата на Александар Велики.

Но најголемото изненадување Дедо Мраз го чува за октомври кога ми вети дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ и на тоа некако најмногу се радувам… покрај на фабриката за чоколадо. А сега се извинувам, морам да се вратам во канцеларија, имам закажан разговор со Бред Пит кој сака да посвои дете-советник од владата на нашата земја, па ќе разговараме на таа тема и на многу други со мојот пријател Бред, рече Заев пред да го заврши своето обраќање до јавноста.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.