Премиерот на Република Македонија Зоран Заев отвори факултет за филолошки науки „Северна!“ на кој ќе се изучува како граѓаните пред изговарањето на името Македонија да ја кажат и одредницата Северна.

Премиерот на ваков чекор се решил за да им помогне на македонските граѓани да се европеизираат.

Гледам дека има многу потешкоти во кажувањето на одредени зборови во нашето опшесфо па решив со личен пример да помогнам за просветлување и описменување на народот за што го отворам овој универзитет „Северна!“ на кој ќе се изучува како да се кажува Северна Македонија, а не само Македонија, вели премиерот.

Уписите се во тек, а може да се запишат сите заинтерсирани граѓани итоа во државна квота сите роднини на функционери и луѓе со членска книшка од СДСМ, а во приватна квота со симболична партиципација од 2 евра годишно сите останати.

Решивме дипломата од овој факултет да е неопходен критериум кога ќе се вршат иднинте вработувања во администрацијата, покрај досегашните критериуми да си роднина на некој во власта, да имаш вујко владика или барем членска книшка од СДСМ. Ова е уште една мерка за професионализација на администрацијата бидејќи е непрофесионално за било кој државен службеник во нашето опшесфо да не знае како му се вика државата, вели Заев.

Тој ќе биде и декан на овој нов универзитет, со цел со личен пример и со своето огромно знаење да им овозможи на сите граѓани да се научат да велат „Северна“ пред Македонија.

Јас освен декан шо ќе бидам, ќе ги држам и предметите „Основи на Северна Македонија“, „Северна Македонија во името на институциите“ и „Слободни северњачки активности“. Во првиот предмет ќе се учеме да кажуваме Северна пред секој збор чисто за да влезе во навика, во вториот ќе ги кажуваме сите институции со Северна зборот во нив по илјадници пати на ден, а третиот предмет е за оние студенти кои ќе сакаат повисоки оцени или да се министри, пратеници, и кои шо ќе треба да смислуват интересни реченици во вообичаен говор како во реченицата „Северен добар ден северен пријателе како си ти вака севернички?“ на пример или слично, вели премиерот Заев.

Во скоро време од овој факултет се очекува да има многу кадри кои освен во администрацијата ќе може да работат и како граѓански коректори кои ќе шетаат по улици, кафулиња и други настани и секогаш кога ќе слушнат како некој го изговара името на Македонија, ќе му пристапат и ќе му дошепнат: „Северна!“.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.