Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ги отфрли како завидлизам обвинувањата дека на одбележувањето 76 години од холокаустот, геноцидот врз Евреите го нарекол традиција, наместо трагедија.

„Сите знаат дека има завидл’к како што кажуваме во Струмица, односно завидлизам како што го измислив зборот пред неколку дена на македонски литературен јазик“, вели Заев.

„Па од завидлизам сега пишуваат дека сум направил грешка во искажувањето изрази и зборови, а сите знаеме дека всушност ми завидлизуваат оти знам многу зборови“, тврди премиерот.

Тој вели дека секогаш е неколку чекори пред сите во познавањето многу зборови.

„Знам толку многу зборови што никој не може да ме стигне. Особено ова е вака затоа што знам многу нови зборови кои јас ги измислив и никој друг не ги знае, и сега се лути, епа нека задивлизуват луѓето, што друго им останува да измисправуваат“, рече премиерот во изјавата на церемонијата во МАНУ/АНУСРМ по повод пуштањето во употреба на неколку нови зборови кои ги измислил тој.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.