Вечерва на итна седница на Владата беше усвоена одлуката да се набават три виолини во брза постапка, со европско знаменце.

Целта на оваа набавка е под итно да почне да се свири на тие виолини од платото пред Владата, при што таа задача наизменично ќе ја извршуваат сите министри тројца по тројца, се додека на крај не дојде ред да свират Заев, Филипче и Артан Груби. Во последниот настап Шекеринска ќе добие ручка од тупан, но ќе тропа или на тенџериња или на грбот на Бојан Маричиќ бидејќи во моментов нема алоцирани средства за набавка на тупан.

Портпаролот на Владата соопшти дека идејата за свирењето виолини потекнува од моментите пред потонувањето на Титаник кога група музичари на виолини сакаа да ги орасположат патниците кои бараа чамци за спасување.

Во моментов седницата на Владата се уште трае, а се дискутира списокот на песни кои ќе бидат свирени. Првиот вицепремиер Груби инсистира 35% од времето да нема само виолини, туку и да рока некоја мандолина. Во меѓувреме премирот Заев, по консултации со стратешките партнери, соопшти дека заклучиле заеднички дека е добро често да биде свирена и „Минаха години“, за да се долови најсовршено моментот во кој се наоѓа Владата.

Набавката ќе оди преку докажани канали – односно преку фирма од Хонг Конг, а доколу го вратат авансот, Филипче земал обврска лично да демантира дека имало обид за таква набавка.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.