Семејна драма се одвивала синоќа преку скајп во семејството Заеви. Летале штаки, скии, сноуборди на сите страни, фрлал премиерот со снежни топки кон Струмица и му карал и живо и мртво до трето колено на својот брат Вицето.

Од свои извори во хотелското лоби Република дознава дека кавгата избила кога премиерот дознал дека брат му за румени образи барал 500 евра од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Бре, мајката! 500 евра за румени образи –

цркал на сиот струмички глас премиерот Заев.

Вицето се обидувал да му објасни дека со евро не може ни мастики да купи, а планирал со парите да си купи патики.

Па нели дојде живото! За едни патики, бе бате, за едни најки па да ги газам, се обидувал да го смири.

Но откако не успеал да го убеди Зоки за нови патики, Вице решил да си стави мраз на румените образи и да не се појави на суд. Ај образите ќе ги спаси, но како да го оправда отсуството. Зоки се сетил! Тој успеа да излаже цела нација устав дека нема да смени, па проблем било да излаже за да го правда бате Вице.

– Ало, утре Вице нема да дојде на суд. Вие не можете да го најдете за да му доставите покана – тоа да биде оправданието. Ме разбравте. Ме црпнал мене Господ од нива сите проблеми да ги решам… – рекол премиерот во разговорот со Кацарска судство.

И така Вице си остана во поршето, Зоки на скиите, кацарска судството ја продолжува мисијата, а патиките… патиките бате ќе ги купи.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.