Новинарот Васко Попетрески е во стабилна здравствена состојба и се очекува негово целосно заздравување во следниот период, соопштуваат извори блиски до новинарот.

Попетрески беше итно хоспитализиран во клиниката „Проф. Д-р Сашо Ордановски“ откако за време на интервјуто со професорката Силјановска Давкова се здоби со опекотини од трет степен, фрактури во пределот на угледот и исекотини над грантовачната коска.

Сосема неочекувано за време на интервјуто возејќи ја емисијата Попетрески изгуби контрола и удри во ѕид од цврсти ставови при што неуспешно се обидуваше да ја врати контролата и се здоби со сериозни повреди.

Брзата реакција на спиналните доктори од клиниката „Проф Д-р Сашо Ордановски“ спречија посериозни повреди, иако за целосно утврдување на сериозноста на повредите треба неколкупати да се погледне рендген снимката на Попетрески која е достапна и на јутјуб.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.