Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека се спроведува истрага за случувањата и инцидентите во затворот Шутка, во кои беа физички нападнати поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на осудениците од Диво Насеље. Тој соопшти дека доколку се покаже дека некој од кумановската група сепак прв ја започнал тепачката, ќе биде веднаш санкциониран, а можно е и да биде избркан од затвор.

Ако најдеме дека не провоцирале Спиро и Миле, туку дека некој од Диво Насеље прв започнал конфликт, ќе бидат преземени најстроги мерки и чекори за осуда на таквите лица, а можно е дури и да одиме со најригорозни мерки – да ги избркаме од затворот во кој се наоѓаат. Па после нека се мислат што ќе прават, каде ќе спијат и како ќе се хранат“, се закани Спасовски.

 

Според него правда во Македонија има и ќе има, без компромиси.

 

Не ми е важно дали затворениците од Диво Насеље биле блиски со овој или оној политичар, ако се докаже во постапка дека тие први провоцирале, ќе се соочат со опасност да ги избркаме“, заклучува тој.

 

 

 

Пиперка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.