Портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција на која беа соопштени детали за преименувањето на државните институции посочи дека владата ќе упати препорака за корегирање на личните имиња на граѓаните, согласно одредбите од Преспанскиот договор.

Сите жени кои се викаат Македонка ќе биде добро доколку го променат името во Националка, од кое може да се извлече нагаленото име Наца. Оваа препорака владата ја дава со цел олеснување на патот на Македонија до ЕУ и НАТО, односно сите граѓани да се обединат во новата енергија на прогрес и интеграции кои ја зафатија земјата, изјави Бошњаковски.

За таа цел владата подготвува и субвенции кои ќе им олеснат на граѓаните при промената на личните имиња.

Владата предвиде фонд со кој ќе се субвенционира издавањето на нови лични документи за сите граѓани кои ќе посакаат да го сменат личното име или презиме, доколку презимето е Македонски. Покрај парите кои ќе им бидат префрлени на граѓаните за нова лична карта, пасош, изводи или слично, предвиден е и екстра додаток од околу 1.500 денари колку за еден ручек, да се почестат, како и 8 пакетчиња вазелин од неодамнешната голема набавка која ја изврши Службата за општи и заеднички работи при владата, појасни Бошњаковски.

Според него, не е неопходно името да се промени во Националка-Наца, туку се можни и други варијации.

Се разбира дека новото име на жените кои се викаат Македонка покрај Наца, може да биде и Северка, кое нуди и подобро нагалено име – Верка. Нема да инсистираме на граѓанките кое име треба да го одберат, но важно за НАТО и ЕУ интеграциите е повеќе да не се викаат Македонка, вели портпаролот на Владата.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.