Што ќе се случеше ако директорката на кожно која не пријавила симптоми, а се движела со многу луѓе и ги заразила, беше од ВМРО-ДПМНЕ, а епидемијата се случеше во мај 2017?

Веднаш во јуни ќе следеше кривична пријава и обвинение за директорката за предизвикување општа опасност и загрозување на животите на луѓето, после завршеното лечење и притвор за да не избега.

Обвинение со притвор ќе следеше и за Никола Груевски како поттикнувач.

Русковска ќе кажеше: На критичниот ден во 14.05 остварен е телефонски разговор меѓу сестрата на еден од телохранителите на Груевски и братучетката на директорката на кожната клиника и најверојатно е пренесена порака да не пријавува дека има симптоми!

Ова кривично дело Груевски го сторил со цел да предизвика општа епидемија и состојба на криза и на тој начин да ја Груевски сакал да ја задржи својата моќ и влијание и да го спречи или одложи трансферот на власта за најмалку 6 месеци, рушејќи го на тој начин уставниот поредок и ставајќи ги животите на огромен број граѓани во опасност.

Покрај Никола Груевски и Миле Јанакиески ќе беше притворен со цел по некоја недела да го викнат во обвинителството и да му понудат спогодба за ослободување од гонење или добивање условна затворска казна, доколку потврди во писмена изјава дека тој лично слушнал дека Груевски дал таква инструкција и дека и тој учествувал во заверата. Покрај овие двајца веројатно и уште неколкумина соработници на Груевски ќе беа обвинети со иста цел, при тоа  немаше да биде тогашниот министер за здравство Никола Тодоров, бидејќи тој ќе излезеше на телевизија да каже дека свесен е дека правеле многу грешки, дека треба да се реформираат и европеизираат и дека за добро на сите е ако се смени името на државата.

Медиумите оркестрирано до таа мера ќе ги осудеа горенаведените лица што немаше да има судија кој ќе помисли да ги ослободи од обвинението, а Заев, Шеќеринска, Димитров, Шилегов и другите по емисии ќе објаснуваа од какво зло ја ослободиле заробената нација.

По теркот на снимката за Мартин Нешковски, Заев ќе измонтираше делови од разговори на Груевски по чие емитување орда на џанкери, хејтери, хомосексуалци и активисти на СДСМ под капата на т.н. „шарена револуција” ќе се упатеше пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ барајќи правда и влегувајќи во конфликт со „режимската” полиција.
Преставниците на меѓународната заедница ќе кажеа дека се шокирани од она што го чуле и дека се треба да се реши низ институциите во „независна и транспарентна” судска постапка.

Кацарска ќе ги судеше од утро до бесвест и повремено ќе раскажуваше на 1 ТВ какви злосторници се вмровците.

А Дамјан Манчевски?! Дамјан Манчевски ќе држеше прес-конференција во партискиот штаб на која ќе обвинуваше дека ова е режим, а не превентивни мерки. Ќе обвинуваше дека владата преку, како што милува да каже, квази-медиумите, шири лажни вести дека има корона вирус во земјата и ќе се заблагодареше на оние медиуми кои СДСМ ги држи под контрола, што ја кажуваат вистината дека Корона не постои, корона ја измислија ВМРО-ДПМНЕ.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.