Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека утре околу 13 часот ќе има ручек со пријатели во ресторан во Дебар Маало после што може да се очекува дека во приквечерните часови повторно ќе го регулира сообраќајот во Скопје.

„Утре како и секоја последна сабота во месецот имам испланиран ручек со пријатели во ресторан, тоа ни е еден вид на традиција. Јас сум човек кој се држи до традициите, ги имам повеќе од 26 месечно.“, соопшти Шилегов.

Тој додаде дека најдобрите идеи, како што знаат сите кои посетуваат меани, доаѓаат токму во атмосфера која е поопуштена од канцелариските услови во кои освен многу работење, е неможно човек да биде креативен, напреден и револуционерен.

„Токму затоа сакам да им најавам на таксистите и другите учесници во сообраќајот да припазат каде ќе паркираат утре околу 18-19 часот, зависно кога ќе заврши традиционалниот саботен ручек. Им кажувам со време, да си знаат. Ништо чудно и утре во таква опуштена атмосфера да добијам инспирација да воведам ред во овој град на блуд, разврат и неред. Секогаш после кафеана сакам да го ослободам Скопје. Таксисти, внимавајте. Можеби утре ќе ми дојдете пред очи во такво расположение“, најави скопскиот градоначалник.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.