Обвинителката Вилма Рускоска ќе биде еден од новите потпретседатели на СДСМ, дознаваме од извори блиски до владата.

Според овие информации, Рускоска е дел од тимот кој треба да биде освежување во СДСМ поради катастрофалните бројки на анкетите во последниот период, поради што ќе се воведат неколку нови потпретседатели, а старите кои ќе останат на своите позиции ќе ги променат своите фризури, парфеми и модни додатоци.

„Идејата е да се претстави едно ново лице на СДСМ со цел граѓаните да стекнат повторно доверба во нас, па затоа ќе има неколку нови потпретседатели, а еден од нив ќе биде Вилма Рускоска која последните денови е исклучително популарна, а дополнително беше во шарена револуција и со Заев делуваат како да се разбираат со поглед“, велат нашите извори од владеачката партија.

Според истите, било планирано Катица Јанева да биде потпретседател, но поради непланирани обврски истата била изземена како опција и фокусот бил насочен кон Г-ѓа Рускоска.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.