Како одговор по објавувањето на разговорот во кој европски лидери му се потсмеваат на американскиот претседател, гневниот Доналд Трамп денес најави дека ќе создаде ново, многу покул и посилно НАТО, со неговите нови најдобри пријатели Оман, Македонија и Суринам.

Ќе ни биде супер без вас, лузери. Старото НАТО и онака беше без врска, порача американскиот врховен командант при создавањето на новиот воен сојуз.

Трамп објасни дека веќе вложил милијарди долари за да го финансира новиот сојуз и дека го одржал „најдобриот самит на сите времиња“.

Франција и Канада мислат дека се фраери, но ние ќе ги згазиме ако дојде до ферка. Веќе се сретнав со Кабос, Стево и Деси и порачавме еднобојни сатенски палта и ќе изгледаме топ заедно, изјави Трамп.

До објавувањето на оваа вест, Трамп веќе се закануваше дека ќе се повлече од новото НАТО и ги обвини лидерите на другите три земји дека не трошат на одбрана колку што треба.


Извор: Онион

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.