Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски ги демантираше наводите во медиумите кои повикувајќи се на извори од Илинденска б.б. соопштија дека дошло до физичка пресметка меѓу него и Артан Груби, поточно Груби го истепал Рашковски при примопредавањето на неговиот кабинет.

Веста беше негирана од Рашковски кој соопшти дека со Груби биле добри пријатели и информациите за ќотекот не биле точни.

Првиот вицепремиер господинот Артан дојде да го земе кабинетот кој јас го користев, при што сакајќи да го прегрнам бидејќи е прекрасен човек, се лизнав на течност која ми истече од панталоните, веројатно од премногу радост бидејќи овој прекрасен човек ќе живее во мојот кабинет. И така лизгајќи се налетав на неколку шамари кои господинот Артан ги носеше на сакото, соопшти Рашковски.

Тој додаде дека случката не била намерна, напротив после неа добро се пошегувале и се насмевнале и прегрнале како вистински браќа.

Според него информациите дека изел ќотек од Груби се уште еден обид на злите сили да и наштетат на нашата држава, братство, единство, слога и југомагнат.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.