СДСМ вечерва ќе одржи протести за правда пред домовите на екс-пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Од СДСМ велат дека на протестот ќе се пратат јасни пораки за правда на кои се работи во моментов.

Сè уште не ни се јасни јасните пораки кои ќе ги пратиме вечер, но сигурно ќе ги пратиме. На нив напорно работат нашите спин-доктори и пи-ар мајстори, на кои во моментв исто така не им е најјасно какви јасни пораки треба да се упатат, но кога ќе ги разјасниме, ќе им се јасни на сите, велат за нашата редакција извори од СДСМ.

Ваква наредба дошла од централниот штаб на СДСМ кога после долго размислување, дебати и анализи сфатиле дека се чувствуваат длабоко погодени од неправдата и работата на македонските судови и обвинителства под диктат на власта.

Се чувствуваме длабоко погодени од неправдата која ја прави власта, око не може да склопиме веќе подолго време. Луѓето кои ги отворија вратите од Собранието на овој ден пред три години денес уживаат во слободата и тендерите кои им ги дава власта, а ние од СДСМ имаме само слобода и тука-и-таму ќе капне по некој тендер.. но не за сите!, вели нашиот извор од СДСМ кој сакаше да остане анонимен за да не си го наруши бонитетот при тендерски постапки.

На протестите како специјални гости ќе се обратат и пратеникот од БЕСА Зекирија Ибраими кој ќе испее една убава химна, како и Нола Исмајловска-Старова која бидејќи е од струшкиот крај ќе изрецитира песна со наслов „Вратите се платите“.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.