Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска згужвана како петпаре во ќесе го проследи концеротот посветен на творештвото на Александар Џамбазов синоќа во Филхармонија. И додека присутните се прашуваа што ѝ станало на монохроматската министрка, па на омаж на Александар Џамбазов се облекла како да оди на свирка на Игор Џамбазов, таа да ти била под паничен напад…

Некои нејзиното однесување го толкуваа како обид да остави впечаток дека е кул фаца од андерграунд сцената, но се се разјасни по апсењето на актерот од Битола, кој споменувајќи продолжен кабел, ѝ ја заледил крвта на министерката.

Стресена беше, се гледаше. А не знам од каде таа паника, па скафандерот е добар изолатор, зачудено констатира присутен на концерот.

Ама каков скафандер, кој ти носи скафандер во денешно време. Кожена јакна, фармерчиња, патичиња. Знаеш ти како гори тоа кожата кога ќе се потпали?! А фармерките ако не се Левис оригинал?! Ајде, ти се молам, од мода абер да се немало, луто дофрла неговата сопруга.

И додека во умот на министерката светкало црвено копчето на продолжниот кабел, далеку в Битола под свеќи се играл театар….

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.