Aко некој сеуште не верува дека навистина има сеништа, С.трип(ер) политиката на велепредавникот Зоран Заев ни даде вистински и непобитни научни докази, фотографирајќи се во Нивици за својот големопријателски албум со безобѕирните, мрачни, глобалистички сеништа и црни непријатели на Република Македонија. Знаевме дека ќе биде така, но многумина не веруваа, зашто змиите како и секогаш си ги криеја и нозете и расцепениот отровен јазик, но, ете, толку беше, зашто во политиката едноставно мандатите имаат времетраење, иако мора да се признае дека сите тие, на чело со заевската велепредавничка и големоалбанска братија, хистерично трчаа и се натпреваруваа кој побргу и на кој сѐ поподмолен начин ќе им нанесе поголемо зло и попогубни последици на нашиот народ и на нашата татковина.

А сега погледнете подолу, и уверете се и самите дека сеништата се апсолутно реални. Најнапред беа политички живојадни, агресивни, ни твитаа варварски глупости и закани, нѐ навредуваа, нѐ понижуваа до болка, вршеа невидено политичко насилство над нас и над нашата татковина, а потоа еден по еден почнаа да исчезнуваат од сцената, и да преминуваат во метафизичкиот свет на безначајни политички мртовци. И сега си се таму. А тоа ги чека и сите останати што не се опфатени со овој големопријателски заевски албум.

А тоа одеше вака, по ред.

Прво примитивниот и подмолнен Коѕиас мораше да поднесе оставка по дебаклот на аморалниот референдум за прифаќање на Преспанскиот договор. Но кого го боли за примитивецот Коѕиас?!

По него Нимиц си отиде во политичка пензија, уверен дека поништувањето на македонската држава и невидениот етноцид над македонскиот народ е врв на неговата политичка кариера. Но кого го боли за ступидниот Нимиц?!

Па потоа парламентарните избори во ЕУ како со мивка ги избриша бедните бирократски агресивци Федерика Могерини и Јоханес Хан. Но кого го боли за тие празни луѓе?!

Најпосле ултра-расипаниот Данаец Ципрас си даде оставка заради целосното фијаско на ЕУ-изборите. Но кого го боли и за лажниот baby-face Ципрас?!

Да, да, бевме будали, и не верувавме дека има такви минливи мрачни сеништа, и ете што ни се случи!

Но сепак, гледајќи ги сликите подолу, не плашете се, тоа се само бедни сеништа, вклучувајќи ги оние двајца велепредавници, Димитров и Заев, кои сеуште кокетираат со своите големопријателски сеништа како да се политички живи – и тие самите, но и оние што веќе лаат кон невидливата страна на политичката месечина.

Па зарем за тие неранимајковци се даваше славното дедовско име?!

Потпишување на Преспанскоиот договор.

Коѕиас аут!

По изборите за европарламентот и Ципрас аут! Останаа капитулантите!

Нимиц учествува во потпишувањето на етноцидниот документ.

Нимиц, Коѕиас и Ципрас аут! Останаа капитулантските сеништа!

Сеништа си играат со кравата!

За тебе, о, сениште живо, си ја давам душата!

 

 

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.