Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски најави дека започнувајќи од Струмичкиот карневал, па до крајот на кампањата, ќе се маскира во премиерот Зоран Заев, за да се чувствува безбедно.

Тој вели дека сум безбеден, јас не се чувствувам безбедно бидејќи многу луѓе имаат телефони во Македонија. Но, решив да ги искористам карневалските моменти, па ќе се маскирам во Заев за да бидам безбеден како што е и тој“, изјави Пендаровски.

Според него, оваа маска ќе му помогне да ја истера успешно кампањата која претстои.

Знаете, многу е полесно да зборувате се што ќе ви падне на памет и да не се чувствувате одговорно за тоа, бидејќи утре може да негирате се што сте рекле. Тоа ми одговара, па затоа со гордост ќе ја носам маската на Заев во текот на кампањата, потврди кандидатот на СДСМ.

Сакам да ја дадам и првата изјава со новата маска, рече Пендаровски и додаде:

Не е точно дека ме следеле тајни служби, јас сум безбеден човек! БЕЗБЕДЕН! Северна!!! Или слично!!!“, викајќи еуфорично Пендаровски го заврши своето обраќање до јавноста.

 

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.