Кандидатот на СДСМ за претседател Стево Пендаровски го посочи експремиерот Никола Груевски како човекот кој го поставил албанското знаме на самоиловата тврдина во Охрид.

Тоа е Груевски и тука дилеми немам. Јасно е дека тој го поставил знамето со цел да испровоцира караница меѓу збратимените народи, но за среќа ние во сдсм имаме доволно лепак за да ги залепиме сите пукнатини и да ја спасиме Македонија која ме заслужува мене за претседател бидејќи сум евидентно најпаметен и сум нешто као генијалец, а после Бранко сум и убедливо најдуховит во цела партија иако не сум член туку сум натпартиски но тоа нема врска, важно е дека Никола Груевски е виновникот за поставеното знаме, изјави Пендаровски.

Тој го раскажа и настанот според неговото експертско стручно удбашко видување.

Евидентно е дека Сиљановска му направила индијанска потпора на Груевски кој со неколку брзи маневри успеал да го постави знамето, а веднаш потоа според нашите информации кои ми ги пренесе Кирацовски, Груевски се сторил сокол птица и одлетал за Унгарија каде што чека нова прилика да нанесе некоја штета, додаде Пендаровски.

Прашан за коментар поради приведувањето на ансамблот невини уметници од Косово кои го развеале албанското знаме, Пендаровски рече дека и тоа е дело на Груевски.

Се е дело на Груевски. Да, и апсењето. Инаку кој би ги апсел невините уметници од Косово? Ние? Ние не, сигурно. Груевски кој им рекол да го развијат знамето, потоа ги уапсил маскиран како Оливер Спасовски. Ако ги осудат со некоја казна, повторно тоа ќе е Груевски, мислам, тоа е јасно. Ако не верувате во ова, да не ми излагате на очи бидејќи сум генијалец, а вие сте стока. Благодарам, соопшти Пендаровски.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.