Премиерот на Република Македонија Зоран Заев е овогодинешниот лауреат во премиерното доделување на Нобеловата награда за Мира, признание кое им се доделува на сите кои имаат врвни достигнувања во партиски вработувања.

На церемонијата која се одржа во ЕЛЕМ наградата му ја врачи генсекот на СДСМ Кирацовски кој истакна дека нема посоодветен човек за оваа награда од премиерот Заев.

Ја доделуваме премиерно за по првпат и соодветно е да ја доделиме на премиерот. Му посакуваме уште многу наши роднини да ги вработи насекаде по државните фирми, освен во ЕЛЕМ кадешто си е зафатено бидејќи јас прв си реков дека е мое, изјави Кирацовски.

За премиерот Заев ова признание е доказ за макотрпната работа да ги ухлеби на отворената државна пупка сите партиски паразити и да го отвори како паштета буџетот за сите кои сакаат да нишаат врата и да земаат плата или слично.

Токму затоа, чест ми е што јас сум премиерниот добитник на Нобеловата награда за Мира, наречена така во чест на првоборецот за масовни семејни вработувања госпоѓата Мира која не е дизел, туку е супер за својата фамилија и е пример какви треба да бидат сите функционери. Оваа награда ќе ми е стимул и јас да продолжам да ги вработувам членовите на моето семејство и на сите семејства на нашите функционери. Ви благодарам и нема да ве разочарам, кратко соопшти премиерот видно возбуден од големото признание.

За време на свеченоста се одржа и лотарија во која се бираа нови вработувања во ЕЛЕМ за функционерите на СДСМ, при што најсреќен беше токму Кирацовски кому му се паднаа нови 4 вработувања, додека пак Дамјан Манчевски доби само 2. Во лотаријата одби да учествува Мира Дизел која рече дека толку луѓе исповработила од своето семејство, што не е фер да учествува и во лотаријата, па доколку сепак биде извлечена рече дека вработувањата ги отстапува на тие на кои најмногу им требаат – семејствата на Шекеринска, Анѓушев и Никола Димитров.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.