Скопската населба Ќерамидница од први април ќе го носи името на генералот Стојанче Ангелов. Ова беше одлучено на денешната седница на советот на Град Скопје, на која се дискутираше за повеќе точки меѓу кои и за преименувањето на населбата.

Новото име е избрано по иницијатива на илјадници граѓани од населбата кои побарале да бидат преименувани за да и го олеснат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

„Зошто населба Стојанче Ангелов? Затоа што со преименувањето праќаме порака дека е време да расчистиме со ќерамидното минато и да одиме напред во ЕУ и НАТО каде не водат политичари како генералот. Патот до интеграциите не е поплочен со ќерамиди, туку со принципи и цврсти ставови како ставовите на Ангелов“, стои во предлог-иницијативата.

Градоначалникот Шилегов лично ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на новото име, а кон ќерамидница ќе тргне на 31-ви март во попладневните часови, со цел да стигне со својот електричен тротинет до закажанта церемонија во 10 наутро на први април.

На церемонијата ќе се обрати и претседателот на АНУРСМ-МАНУ Таки Фити кој ќе каже неколку народни досетки и ќе го соопшти предлогот за кратенка за новото име на населбата „Стојанче Ангелов“.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.