Забрана за влез во затворите за сите криминалци кои не поседуваат сертификат за вакцинација најавија денес министерот за правда, Бојан Маричиќ и неговиот колега од здравство, Венко Филипче, на заедничка прес конференција, на која беа промовирани мерките за заштита од коронавирусот во казнено-поправните установи.

– Сакам да испратам јасна порака до сите криминалци кои треба да отслужат казна затвор, а не се вакцинирани, дека додека не го сторат тоа ќе мора да останат на слобода. Од друга страна, невакцинираните затвореници кои отслужуваат казна затвор, уште вечерва ќе бидат избркани од затворите и нема да можат да се вратат без примени две дози од вакцината. – рече министерот Маричиќ.

Како што дознаваме, по стапувањето на сила на оваа мерка, повеќе од 100 криминалци кои чекаат да бидат повикани да ја отслужат казната, се обиделе да упаднат во неколку казнено-поправни домови во земјава, но нивното бегство од слободата било откриено на време и успешно одбиено од затворските единици.

Извор: Кооперација

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.