Генералниот секретар на СДСМ во тајна депеша наменета до сите функционери на партијата изрече строга забрана истите да се сликаат со Боки 13 до денот на изборите, 12 април.

Според него, слика со Боки во овој период ќе наштети на имиџот и угледот на партијата.

Почитувани, во периодот кој следи од 20 јануари до изборите на 12 април, сите мора да сме дисциплинирани во однесувањето, да ги контролираме рекетарските нагони и другите нагони, знаете на што мислам, стои во писмото на Николовски.

Многу важно: фотографии со Боки 13 воопшто да нема, додава тој.

Според него, по 12 април многумина од функционерите на СДСМ ќе имаат шанси да се сликаат не само со Боки, туку и со други еминентни дејци кои се предмет на нивно почитување и обожување.

Ветувам дека не само со Боки туку и со Катица и со многумина други луѓе со кои сте блиски и со кои си имате посебен однос, ќе може да се сликате секој ден после изборите. Фокусирајте се на тие убави денови кои ви доаѓаат и издржете ги уште овие нецели три месеци во агонија без нашите другари и другарки како Боки и Катица, се вели во соопштението на Љупчо Николовски.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.