Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов е назначен за нов советник на претседателот Стево Пендаровски.

Каракачанов ќе го советува Пендаровски за односите со Бугарија и начините на нивно подобрување преку прифаќање на тезите на бугарската пропаганда.

„Господинот Каракачанов е човек чии ставови не кореспондираат со моите ставови, и токму затоа го ангажирам. Помина мрачното време кога сите со антимакедонски ставови не можеа да бидат советници на претседателот на државата. Дотолку повеќе, ваквите лица денес може дури и да станат претседател на државата“, изјави Пендаровски по повод ангажманот на Каракачанов како негов советник.

Ваквата одлука на Пендаровски беше поздравена од претседателот на СДСМ Зоран Заев и Министерот за надворешни работи Никола Димитров кои во заедничко соопштение го искажаа своето задоволство што Пендаровски ќе може да прима добри совети од Каракачанов, како што примале и тие пред потпишувањето на Договорот со Бугарија.

Според Каракачанов Илинденското востание е најголемо бугарско востание, Македонци не постојат и тие се измислица на Коминтерната и Јосип Броз Тито.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.