Притворената обвинителка Катица Јанева испрати нова наредба од затворот во Шуто Оризари се прогласи за надлежна за случајот „Рекет“ кој досега го водеше ОЈО, дознаваме од кабинетот на специјалната обвинителка.

Во наредбата стои дека Вилма Рускоска од ОЈО треба да ѝ го предаде предметот на Јанева „како гест на добра волја, соработка и борба за правдата“.

Во наредбата стои дека Јанева се прогласува за надлежна за Рекет бидејќи никој не го познавал случајот толку добро како неа, а дополнително и тој случај произлегувал од нелегално следење на комуникациите за што единствена надлежност има Катица Јанева.

За возврат, стои во наредбата на Јанева, таа на Љубомир Јовевски и Вилма Рускоска им ги отстапува сите предмети од СЈО, како и обвинителите – доколку има потреба од нив.

Од Министерството за правда велат дека треба да одржат дополнителни консултации пред да заземат официјален став, но дека првиот впечаток на министерката Десковска е дека барањето на Јанева е логично.

Законски е така, Јанева да постапува по случаи кои се поврзани со прислушување, а дополнително точно е дека таа како обвинител најдобро знае детали за случајот Рекет. Значи и морално и етички е подобро Јанева да го води случајот Рекет, велат нашите извори од Министерството за правда.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.