Црвенкапа во соопштение до јавноста испрати реакција до ВМРО-ДПМНЕ затоа што во спот во кампањата за изборите на 15-ти јули е ставена во исто сценарио со, како што вели, олоши како Зоран Заев и обвинителката Вилма Рускоска.

Според Црвенката, ова е повреда на нејзините чест и углед.

Јас како култен лик од сказните на Шарл Перо се чувствувам навредено што сум дел од исто сценарио со олоши како Зоран Заев и Вилма Рускоска. Дури и Волкот кој ме јаде во сказната е поприфатлив лик со кој преферирам да бидам во сказна, отколку вакви лица како Зоран Заев и Вилма Рускоска. Затоа ја испраќам оваа јавна реакција, со надеж дека мојот лик во иднина нема да биде дел од сценарија какви што пишуваат Заев и Рускоска. Светла точка во целата ситуација е што во сценариото барем ја нема судијката Добрила Кацарска. Ако и со неа ме ставеа во сказната, навистина ќе беше премногу, се вели во писмото потпишано од Црвенкапа.

Оваа нејзина реакција доаѓа откако обвинителката Рускоска се закани со тужба за клевета кон ВМРО-ДПМНЕ, препознавајќи се во ликот „Вилма“ од спотот наречен „Криминална приказна“ кој го објави партијата пред една недела.

Криминална приказна

Време е за посреќна приказна за вашите деца!#ИсправиСеМакедонијо, одбери #обнова

Gepostet von ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО am Samstag, 27. Juni 2020

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.