Инвестицијата на Гугл во Македонија најавувана со години од премиерот Зоран Заев конечно може да се реализира, соопштуваат од таборот на технолошкиот гигант.
Компанијата конечно донела одлука да размисли за сериозно инвестирање во Македонија, но за тоа да го стори поставува еден услов. Од Гугл ќе побараат Министер за финансии во Владата на Република Македонија да биде човек од ромска националност.

Го следевме внимателно настапот на министерот а финансии Бесими кој ја посочи нашата компанија како пример за диверзификација, поради националноста на нашиот извршен директор, Индиец, велат од Гугл.

Ни се допадна стратегијата на Бесими, па за да ја помогнеме и унапредиме ќе вложиме големи пари во Македонија доколку тој го отстапи своето министерско столче на припадник на ромската националност, како најслична до националноста на нашиот извршен директор, велат од Гугл.

На потег се Бесими и Владата на Република Македонија. Според неофицијални извори од финансии, Бесими сериозно размислува да се пише како Ром на пописот во 2021 година, бидејќи би било греота за државата и штета за Гугл таков квалитетен кадар и генијален економист да не биде министер.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.