Вонредна прес-конференција свика министерот за здравство Венко Филипче на која ги соопшти деталите за директорката на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Биљановска, за која утринава се дозна дека била заболена од коронавирусот. Филипче истакна дека таа ќе биде наградена со 15 проценти на наредната плата затоа што ги следела правилата за постапување при корона.

Докторката не се откажала од секојдневните обврски, организирала и семинар, но присутните ми потврдија дека цело време кивала во лакт, како што е пропишано во правилникот за поставување, истакна Филипче на прес-конференцијата.

Тој додаде дека информацијата дека докторката била на свадба кај генсекот на СДСМ Љупчо Николовски е дезинформација.

Видете, тоа е дезинформација, односно само половично точна информација. Вистината е дека докторката имала друга работа и на свадба се појавила само дваесетина минути по кои свртела само едно оро, по што ја напуштила салата. Со мои очи ја видов како во стилот на одговорен граѓанин кива во нејзиниот лакт, рече Филипче.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.