Вицепремиерот Османи се огласи на фејсбук по повод критиките дека за време на дочекот на Папата во Македонија, рацете ги држи во џебовите на капутот, како што се забележува од сликите кои го обиколија интернетот.
Тој тврди дека рацете му се во џеб со најдобри намери, за да не предизвика несакајќи непријатна сензација за време на пречекот на римокатоличкиот лидер.

„Рацете ми се во џеб, за да нема скандали. Кога ми се надвор, палците сами ми се спојуваат и рацете ми се преплетуваат со што махинално го правам симболот на мир и европски пат, пеперутката, која некои граѓани погрешно ја толкуваат како орел. Токму затоа, за да не се случи некоја ненамерна грешка, рацете ми се во џеб“, појасни Османи на својот фејсбук профил.

Од слични причини владата одлучила братот на премиерот да не биде дел од делегацијата за пречек. Според извори од Илинденска б.б. била направена безбедносна проценка според која најдобро е Вице Заев да не биде дел од церемонијата за пречек поради протоколарен пропуст.
Имено, поради грешка на протоколот постоела опасност кога Папата ќе им дели свечени парички на домаќините со неговиот лик и со ликот на Мајка Тереза, да не се случи да нема доволно за сите, имајќи предвид дека Папата не бил информиран навреме колку парички и кому треба да даде според посебните правила на македонската влада.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.