Специјалниот преговарач со Бугарија, господинот Владо Бучковски, во краток разговор со Кооперација потврди дека во дослух со бугарската страна е договорена првата интервенција во учебниците по историја, со која од нив ќе се избрише фактот дека во 2001ва година, Министерството за одбрана, на чело со дотичниот преговарач, набавило тенковски делови без тендер.

На обострано задоволство, дојдовме до взаемно прифатливо решение кое наскоро ќе го спроведеме и во пракса. Овој период од нашата заедничка историја е прилично мрачен за двете страни, па се согласивме дека нема никаква потреба да ги оптеретуваме идните генерации со вакви небитни детали. Ова се застарени лекции кои никому нема да му донесат ништо… Добро, мене ми донесоа неколку милиони евра, ама тоа сега не е тема на муабет. – изјави Бучковски.

Целата сатирична вест на Кооперација.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.