Австриската влада ќе донира 350 пара волнени чорапи во три различни големини, како надополнување на големата донација од Германија од 350 пара чизми за македонската полиција.

Чорапите ќе пристигнат во Македонија до крајот на месецот, после што ќе бидат изложени за новинарите и јавноста, соопшти министерот Оливер Спасовски.

Ќе пратат броеви 41, 43 и 45, такви побаравме, но се од растеглива волна па така и оние со поголеми шепи од 45 ќе може да ги носат без проблем. Оваа голема да ја наречам странска инвестиција ја договори нашиот лидер премирот Заев кога беше на бал во Виена, објаснува Спасовки.

Тој раскажа анегдота во која се содржи сета мудрост и итроштина на нашиот лидер, премиерот Заев.

Седнале во ложата каде што имено стратешки премиерот не облекол чорапи туку кондурите ги носел на боса нога, па Курц го видел и го прашал Зоране зошто носиш кондури на боса нога, а Заев му одговорил ова не е Боса-Нога, ова е опера со што го покажал своето познавање на музика и двајцата се насмеале, рече Спасовски.

Потоа Заев станал сериозен и му рекол на канцеларот Курц дека не носи чорапи бидејќи е солидарен со македонската полиција која доби само чизми. Курц веднаш најавил дека лично ќе се заложи да бидат сошиени 350 пара волнени чорапи со цел македонската полиција Заев да ја опреми во целост.

И така бидна оваа голема инвестиција. Гледате, промената на името на државата веќе ги носи првите резултати, порачува министерот за внатрешни работи, Спасовски.

Првиот пар свечени чорапи ќе бидат облечени од министерот Спасовски (левиот) и од премиерот Заев (десниот), а пред тоа ќе се одржи церемонија на свечено сечење нокти.

Со овие чизми и чорапи се очекува полесно да влеземе во НАТО и ЕУ, велат од Владата на Република Македонија.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.