Далас Маверикс стигна до победа против Портланд Трејл Блејзерс со резултат 111:102 и сега има позитивен скор од 12 победи и 11 порази во сезоната.

Лука Дончиќ, кој го предводи тимот на Далас Маверикс, синоќа забележа 21 поен и 9 скока со кои го доближи тимот на Маверикс еден чекор поблиску до место во плејофот. Одлична поддршка му понуди Деандре Џордан, кој мечот го заврши со 12 поени и 17 скока.

Во тимот на Портланд се истакна Демијан Лилард со 33 поени, 8 скока и 8 асистенции, но немаше доволна поддршка од соиграчите за да го избегне синоќешниот пораз. Трејл Блејзерс останаа на 13 победи сезонава, што е доволно за осмото место во поредокот во Западната конференција.

Останати резултати:

Индијана Пејсерс – Чикаго Булс 96:90

Мајами Хит – Орландо Меџик 90:105

Феникс Санс – Сакраменто Кингс 105:122

Јута Џез – Сан Антонио Спарс 139:105

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.