Оваа влада ќе се памети долго откако ќе замине од власт, тоа е сигурно. Но, наместо по достигнувања во економијата, ќе ја памтиме по синдромот на што сакал да каже писателот. За „што сакал да каже премиерот“ се грижи целата владина прес-армија, а министерот за надворешни работи Никола Димитров се обиде самиот да се протолкува, да се стави во контекст и секако – повторно да нè понижи. Димитров вели дека зборовите Македонците се нација со комплекс во негово обраќање од собраниска говорница биле извадени од контекст.

 

Во емисијата „360 степени“ на Алсат М министерот објаснува:

Таа реченица почнува кога завршува претходната каде велам ваш колега пратеник дебатирајќи во 2010 година рекол дека со проектот “Скопје 2014” ние за прв пат градиме македонски идентитет…  Во светот каде што прв пат се гради македонски идентитет во 2010 година копајќи 2000 години наназад тоа е проекција на комплекс на инфереиорност.Не сме ние сигурни и не сме доволно горди со тоа што сме, туку ни требаат подлабоки корења и така натака“ , објасни Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.