Турскиот актер Бурак Озчивит ќе стане татко во април. Во интервју за списанието „Хелоу“ открива дека со сопругата Фахрие се пресреќни за новата животна улога која им претстои.

Актерката речиси е кон средината на бременоста, а среќниот татко на јавноста ѝ откри дека ќе добијат машко бебе.

Тие од корен ги промениле животните навики и едвај чекаат во домот да пристигне синчето.

Среќни сме и возбудени, тоа е чувство кое не може да се опише, вели атрактивниот турски актер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.