Република https://republika.mk/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 06:42:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Република https://republika.mk/ 32 32 Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје https://republika.mk/zivot/zdravje/odbelezhuvane-na-evropskata-nedela-na-imunizatsija-vo-gradski-park-vo-skopje/ Sat, 27 Apr 2024 06:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=771583

Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

The post Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација. На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.
- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

The post Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје appeared first on Република.

]]>
Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд https://republika.mk/zivot/servisi/pretpladne-sonchevo-od-pladne-mozhnost-za-kratkotraen-poroen-dozhd/ Sat, 27 Apr 2024 06:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=771581

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степен Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени.

The post Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и во делови од регионот со услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степен Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени.

The post Претпладне сончево, од пладне можност за краткотраен пороен дожд appeared first on Република.

]]>
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден https://republika.mk/zivot/deneska-e-lazarova-sabota-utre-tsvetnitsi-praznitsi-predvesnitsi-na-veligden/ Sat, 27 Apr 2024 06:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=771579

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота.

Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години.

Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Преданието вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја.

Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава.

И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините“.

Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“ Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина...

The post Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден appeared first on Република.

]]>

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Преданието вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините“. Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“ Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина...

The post Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден appeared first on Република.

]]>
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД https://republika.mk/vesti/svet/desetitsi-tornada-go-pogodija-tsentralniot-del-na-sad/ Sat, 27 Apr 2024 06:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=771577

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, при што се повредени најмалку три лица и предизвикана е значителна материјална штета, соопштија локалните власти.

Американската метеоролошка служба (NWS) регистрираше повеќе од 70 торнада низ целата земја, повеќето од нив околу градот Омаха, Небраска и во близина на Ајова. Резултатот е десетици уништени згради и домови, скршени далноводи и излетани возови од шините. Во Елхорн, предградие на Омаха, фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат урнати куќи, разнесени покриви и голи дрвја.

Спасувачите продолжуваат да ги проверуваат погодените домови и им пружаат помош на сите повредени“, објави полицијата на Омаха на мрежата Икс.

На југ, во близина на градот Линколн, торнадо погоди индустриски комплекс. Околу 70 луѓе биле евакуирани кога се урнала зграда, но тројца се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, соопштија властите на округот Ланкастер на прес-конференција.

NWS, кој вчера издаде голем број предупредувања за торнадо за неколку држави во централниот дел на САД, предвидува дека временскиот феномен ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

Торнадата се релативно чести во САД, особено во централните и јужните делови на земјата.

The post Десетици торнада го погодија централниот дел на САД appeared first on Република.

]]>

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, при што се повредени најмалку три лица и предизвикана е значителна материјална штета, соопштија локалните власти. Американската метеоролошка служба (NWS) регистрираше повеќе од 70 торнада низ целата земја, повеќето од нив околу градот Омаха, Небраска и во близина на Ајова. Резултатот е десетици уништени згради и домови, скршени далноводи и излетани возови од шините. Во Елхорн, предградие на Омаха, фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат урнати куќи, разнесени покриви и голи дрвја.
Спасувачите продолжуваат да ги проверуваат погодените домови и им пружаат помош на сите повредени“, објави полицијата на Омаха на мрежата Икс.
На југ, во близина на градот Линколн, торнадо погоди индустриски комплекс. Околу 70 луѓе биле евакуирани кога се урнала зграда, но тројца се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, соопштија властите на округот Ланкастер на прес-конференција. NWS, кој вчера издаде голем број предупредувања за торнадо за неколку држави во централниот дел на САД, предвидува дека временскиот феномен ќе продолжи и во текот на денешниот ден. Торнадата се релативно чести во САД, особено во централните и јужните делови на земјата.

The post Десетици торнада го погодија централниот дел на САД appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-znam-nema-da-vleze-vo-nitu-edna-mozhna-postizborna-koalitsija-so-dui/ Fri, 26 Apr 2024 21:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=771574

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски не е изненаден од резултатите постигнати во првиот круг од претседателските избори.

Јас гледам луѓе, не гледам гласови. Уште повеќе ми значи трендот и поддршката којашто доаѓа во овие тешки моменти од страна на граѓаните, бидејќи сметам дека во јавноста тлееше едно старо правило дека освен два политички субјекти во Македонија не може да се појави трета опција, трет политички субјект. Еве тоа е Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Горд сум на секој глас, благодарен сум на сите гласачи и особено благодарен на сите коишто излегоа на изборите и апелирам да излезат уште помасовно на парламентарните избори.

Запрашан дали има остварено комуникација со другите политички субјекти по првиот круг, тој рече дека добил куртуазни пораки од поединци , луѓе позиционирани во вторите ешалони, а дека тој лично се јавил на противкандидатката со најголем број освоени гласови да и честита на резултатот. Димитриевски потенцира дека ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија којашто ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп, којшто се случува, ниту пак ќе се вклучи во каков било тип на соработка, идна соработка за формирање на било какво мнозинство со нив. Тој притоа додаде:

„Еве и екслукзивно да кажам во вашата емисија. ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна коалиција, постизборна коалиција, во којашто ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер , а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на коруција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едносставно да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава. Дополнително ќе разговараме со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес на Македонија во рамките на нашите програмски заложби. Тоа значи реципроцитет, воведување на амандманите во сила од моментот на полноправно членство на Македонија во Европскаата Унија и дополнително, по примерот на Србија и Црна Гора, измена на преговарачката рамка, раздвојување на она што значи историска комисија од самата рамка и сите оние работи што ние ги зборувавме и претставивме пред граѓаните“.

Запрашан дали ова значи дека ќе работите на промена на Уставот, Димитриевски рече дека тој во Куманово веќе функционира со една коалиција од албанскиот блок, тоа се четирите партии, коалицијата Вреди и има добро искуство со нив. Во однос на барањата за промена на процентите, изборот на претседател во собрание, Димитриевски потенцира дека тоа апсолутно отпаѓа и нема да се дискутира воопшто од нивна страна за тоа.

Доколку се отвори јавна дебата, ќе ја ислушаме, но нашиот став е дефинитвно јасен. Доколку бидеме одбиени од сите потички субјекти кои доаѓаат од моноетничките партии, ставот го имам кажано, да се формира влада со политички партии кои имаат мнозинство, а ќе има отворени места за претставници од албанскиот политички блок“.

The post Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ appeared first on Република.

Мицкоски: Банди на ДУИ ќе ви нудат пари https://republika.mk/vesti/makedonija/__trashed-7/ Fri, 26 Apr 2024 21:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=771571

Владата е делегитимирана и треба да оди во опозиција и СДСМ и ДУИ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино. Мицкоски посочи дека СДСМ денес се претвори во обичен измеќар на ДУИ, затоа ова што им се случува не е случајност.

-ДУИ и СДСМ мора да одат во опозиција. Мора да престане праксата ДУИ ќе биде малку со ВМРО-ДПМНЕ, па со СДСМ. ДУИ сака да го понижи македонскиот народ и да ја клекне на колена Македонија. Ми пречи криминалот на ДУИ. Тие повеќе од 20 години крадат од сите вас. Тие повеќе од 20 години ја урнисуваат Македонија. СДСМ мислеа дека противник им е ВМРО-ДПМНЕ, а не гледаа што прават од ДУИ – рече Мицкоски.

Тој додаде дека има информации дека банди од ДУИ ги обиколуваат граѓаните.

-Ќе се обидат да го купат гласот, ќе се обидат ДУИ да има пратеник во изборните единици 3 и 4. Секој бандит кој ќе нуди пари, практично ви нуди ваши пари, украдени од вас. Предупредувам да не биде дека не сум кажал. Мои браќа и сестри се сите граѓани, но нема простор за криминалците. Тие знаат што ги чека. Јас нема да правам пакт со криминалот, туку ќе го истребам. Мора да има одговорност за криминалот – вели Мицкоски.

Тој повторно повика на обединување.

-Ги повикувам сите, поддржувачи на СДСМ, оние кои останаа дома, сите да излеземе против оваа власт. Вашата доверба нема да ја изневериме потребна е поддршка за Македонија – рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Банди на ДУИ ќе ви нудат пари appeared first on Република.

Бектеши: Европскиот фронт нема да влезе во влада која нема да ги гарантира уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-evropskiot-front-nema-da-vleze-vo-vlada-koja-nema-da-gi-garantira-ustavnite-izmeni/ Fri, 26 Apr 2024 21:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=771569

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Бектеши рече дека постои документ на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека политичките партии што се потписници нема да прават коалиција со политичка партија која нема да ги направи уставните измени такви какви што се моментално предложени.

Исто така, додава Бектеши, во документот стои дека нема да коалицираат со политичка партија која јавно искажува ставови против членување на нашата држава во Европската Унија и е кочничар на интеграцијата на нашата држава.

- Мислам дека другите потписи се од Влен и од Европскиот фронт, но за господинот Таравари и господинот Ахмети знам, бидејќи знам конкретно и кој го доставил документот, како го доставил, кој му бил ставот и кога е потпишан бидејќи, како близок соработник на господинот Ахмети и сум учествувал на такви средби, рече Бектеши.

The post Бектеши: Европскиот фронт нема да влезе во влада која нема да ги гарантира уставните измени appeared first on Република.

]]>

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши. Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Бектеши рече дека постои документ на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека политичките партии што се потписници нема да прават коалиција со политичка партија која нема да ги направи уставните измени такви какви што се моментално предложени. Исто така, додава Бектеши, во документот стои дека нема да коалицираат со политичка партија која јавно искажува ставови против членување на нашата држава во Европската Унија и е кочничар на интеграцијата на нашата држава.
- Мислам дека другите потписи се од Влен и од Европскиот фронт, но за господинот Таравари и господинот Ахмети знам, бидејќи знам конкретно и кој го доставил документот, како го доставил, кој му бил ставот и кога е потпишан бидејќи, како близок соработник на господинот Ахмети и сум учествувал на такви средби, рече Бектеши.

The post Бектеши: Европскиот фронт нема да влезе во влада која нема да ги гарантира уставните измени appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-fokusot-na-ungarskoto-pretsedatelstvo-so-eu-ke-bide-proshiruvaneto-na-unijata-na-zapaden-balkan/ Fri, 26 Apr 2024 21:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=771566

За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.

„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.

Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.

„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.

Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.

The post Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел. Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.

The post Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
ФОТО: Возило се преврте во близина на Универзална сала https://republika.mk/vesti/crna-hronika/foto-vozilo-se-prevrte-vo-blizina-na-univerzalna-sala/ Fri, 26 Apr 2024 20:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=771556

Возило се преврте вечерва на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Универзална сала во Скопје. Засега не е позната причината како дошло до оваа сообраќајна незгода, и дали има повредени. Полициски екипи вршат увид на незгодата.

The post ФОТО: Возило се преврте во близина на Универзална сала appeared first on Република.

Ќе се пробуди инаетот кај членството на СДСМ, не сакаат да бидат вака понижени, смета Бучковски https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-probudi-inaetot-kaj-chlenstvoto-na-sdsm-ne-sakaat-da-bidat-vaka-ponizheni-smeta-buchkovski/ Fri, 26 Apr 2024 20:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=771559

„Знаејќи го карактерот на Пендаровски, но и ризикот во кој би влегол СДСМ ако се калкулира со тивок бојкот, јас сум за машки да се истрча вториот круг и да се направи максимум. Кај дел од членството на СДСМ ќе се пробуди инаетот, не сакаат да бидат вака понижени“ рече поранешниот премиер Владо Бучковски во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека расположените не е за СДСМ да биде доведен само на 180 илјади гласови.

„Знајеќи го карактерот на СДСМ, сметам дека СДСМ ќе има подобар резултат од овој на парламентарните избори и тоа ќе биде мотивација за тој што ќе го наследи Ковачевски, да покаже дека со поинаква организација и мотивација, која ќе му треба на СДСМ по овој шок, може да се изнесат уште барем 30-40 илјади гласови на контото на СДСМ“ рече Бучковски.

Тој додаде дека некои поранешн функционери на СДСМ заговараат бојкот на вториот круг на претседателските избори како одговор на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ од изминатите седум години, но според него тоа е погрешен пристап и стои зад одлуката на Пендаровски да се бори до крај.

„Чесно е да се мобилизира СДСМ и да се истрча до крај оваа трка. Фер е да се даде шанса на Пендаровски, во игра се повеќе од 330 илјади гласови на другите кандидати“, рече Бучковски.

The post Ќе се пробуди инаетот кај членството на СДСМ, не сакаат да бидат вака понижени, смета Бучковски appeared first on Република.

]]>

„Знаејќи го карактерот на Пендаровски, но и ризикот во кој би влегол СДСМ ако се калкулира со тивок бојкот, јас сум за машки да се истрча вториот круг и да се направи максимум. Кај дел од членството на СДСМ ќе се пробуди инаетот, не сакаат да бидат вака понижени“ рече поранешниот премиер Владо Бучковски во „360 степени“ на МТВ. Тој додаде дека расположените не е за СДСМ да биде доведен само на 180 илјади гласови.
„Знајеќи го карактерот на СДСМ, сметам дека СДСМ ќе има подобар резултат од овој на парламентарните избори и тоа ќе биде мотивација за тој што ќе го наследи Ковачевски, да покаже дека со поинаква организација и мотивација, која ќе му треба на СДСМ по овој шок, може да се изнесат уште барем 30-40 илјади гласови на контото на СДСМ“ рече Бучковски.
Тој додаде дека некои поранешн функционери на СДСМ заговараат бојкот на вториот круг на претседателските избори како одговор на блокадите на ВМРО-ДПМНЕ од изминатите седум години, но според него тоа е погрешен пристап и стои зад одлуката на Пендаровски да се бори до крај.
„Чесно е да се мобилизира СДСМ и да се истрча до крај оваа трка. Фер е да се даде шанса на Пендаровски, во игра се повеќе од 330 илјади гласови на другите кандидати“, рече Бучковски.

The post Ќе се пробуди инаетот кај членството на СДСМ, не сакаат да бидат вака понижени, смета Бучковски appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела https://republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-se-podgotvuva-da-se-vrati-na-javnite-dolzhnosti-od-slednata-nedela/ Fri, 26 Apr 2024 20:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=771554

Британскиот крал Чарлс Трети се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела, откако лекарите изјавија дека неговото здравје се подобрува.

„Неговото височество Кралот наскоро ќе се врати на јавната активност по период на лекување и опоравување по неговата дијагноза со рак“, се вели во денешното соопштение од Бакингемската палата.

Портпаролот на Бакингемската палата рече дека „неговата програма за лекување ќе продолжи, но лекарите се задоволни од досегашниот напредок за да му дозволат на Кралот да се врати на некои од неговите јавни должности“.

Сепак, обврските ќе бидат „прилагодени колку што е потребно за да се минимизираат ризиците при закрепнувањето на Кралот“.

Во вторник кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ќе посетат центар за рак каде кралската двојка ќе се сретне со медицинските тимови и пациентите, соопшти Бакингемската палата.

Покрај тоа, се планира Чарлс и Камила, на крајот на јуни, да бидат домаќини на средба со јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако.

The post Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс Трети се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела, откако лекарите изјавија дека неговото здравје се подобрува.
„Неговото височество Кралот наскоро ќе се врати на јавната активност по период на лекување и опоравување по неговата дијагноза со рак“, се вели во денешното соопштение од Бакингемската палата.
Портпаролот на Бакингемската палата рече дека „неговата програма за лекување ќе продолжи, но лекарите се задоволни од досегашниот напредок за да му дозволат на Кралот да се врати на некои од неговите јавни должности“. Сепак, обврските ќе бидат „прилагодени колку што е потребно за да се минимизираат ризиците при закрепнувањето на Кралот“. Во вторник кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ќе посетат центар за рак каде кралската двојка ќе се сретне со медицинските тимови и пациентите, соопшти Бакингемската палата. Покрај тоа, се планира Чарлс и Камила, на крајот на јуни, да бидат домаќини на средба со јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако.

The post Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-vmro-dpmne-ke-se-stavi-kraj-na-nashite-eu-perspektivi-kraj-na-nezavisnite-mediumi-i-sudstvo-i-na-dobrite-meguetnichki-odnosi/ Fri, 26 Apr 2024 20:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=771548

„Никогаш и по ниту една цена нема да се откажеме од она во што веруваме и ќе се бориме сè додека не успееме тоа да стане реалност, нема да дозволиме никој да ја уназадува државата, нема да дозволиме никој да си игра со иднината на нашите деца“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред граѓаните кои присуствуваа на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во општина Центар.

Ковачевски, ги повика граѓаните, пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат која партија ја управуваше државата демократски и донесе позитивни одлуки за иднината, а која партија владееше авторитарно и се коцкаше со иднината за лични интереси.

„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со она што го гледавме 11 години. Тоа ќе стави прво крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Ќе стави крај и на добрите меѓуетнички односи. Ќе стави крај на една демократска држава во која денес секој може слободно да го каже своето мислење“, рече Ковачевски.

Говорејќи за енергетската и економската криза, лидерот на СДСМ, порача дека партијата никогаш не се откажала од своите социјал-демократски вредности и постојано била рамо до рамо со граѓаните.

„Јас никогаш ниту побарав благодарност ниту некој од мојот економски тим побара благодарност за тоа што кога Скопје немаше парно заради ВМРО и нивната градоначалничка Арсовска, обезбедивме парно за Скопје. Кога успеавме да обезбедиме електрична енергија по цена 90% помала од пазарната исто така не баравме и не треба да бараме благодарсност, затоа што тоа е наша обврска. Кога трошоците за живот се зголемија, брзо реагиравме ги зголемивме и платите и пензиите и социјалните трансфери за сите граѓани а особено за оние од најранливите категории. Но, оние кои што го критикуваа тоа, тие треба барем да се извинат за тоа што ширеа хистерија и страв кај граѓаните“, истакна Ковачевски.

Дел од говорот, Ковачевски посвети и на меѓуетничките односи, велејќи дека СДСМ никогаш нема да се откаже од градењето едно општество за сите граѓани, но искучиво преку почитување на европските вредности на солидарност, правичност, чесност и одговорност. Ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на реториката на која ја гледаме деновиве, која како што рече, е опасна и претставува закана за мултиетничкото ткиво на нашето општество.

The post Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи appeared first on Република.

]]>

„Никогаш и по ниту една цена нема да се откажеме од она во што веруваме и ќе се бориме сè додека не успееме тоа да стане реалност, нема да дозволиме никој да ја уназадува државата, нема да дозволиме никој да си игра со иднината на нашите деца“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред граѓаните кои присуствуваа на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во општина Центар. Ковачевски, ги повика граѓаните, пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат која партија ја управуваше државата демократски и донесе позитивни одлуки за иднината, а која партија владееше авторитарно и се коцкаше со иднината за лични интереси.
„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со она што го гледавме 11 години. Тоа ќе стави прво крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Ќе стави крај и на добрите меѓуетнички односи. Ќе стави крај на една демократска држава во која денес секој може слободно да го каже своето мислење“, рече Ковачевски.
Говорејќи за енергетската и економската криза, лидерот на СДСМ, порача дека партијата никогаш не се откажала од своите социјал-демократски вредности и постојано била рамо до рамо со граѓаните.
„Јас никогаш ниту побарав благодарност ниту некој од мојот економски тим побара благодарност за тоа што кога Скопје немаше парно заради ВМРО и нивната градоначалничка Арсовска, обезбедивме парно за Скопје. Кога успеавме да обезбедиме електрична енергија по цена 90% помала од пазарната исто така не баравме и не треба да бараме благодарсност, затоа што тоа е наша обврска. Кога трошоците за живот се зголемија, брзо реагиравме ги зголемивме и платите и пензиите и социјалните трансфери за сите граѓани а особено за оние од најранливите категории. Но, оние кои што го критикуваа тоа, тие треба барем да се извинат за тоа што ширеа хистерија и страв кај граѓаните“, истакна Ковачевски.
Дел од говорот, Ковачевски посвети и на меѓуетничките односи, велејќи дека СДСМ никогаш нема да се откаже од градењето едно општество за сите граѓани, но искучиво преку почитување на европските вредности на солидарност, правичност, чесност и одговорност. Ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на реториката на која ја гледаме деновиве, која како што рече, е опасна и претставува закана за мултиетничкото ткиво на нашето општество.

The post Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски со порака од Кавадарци: Mасовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-poraka-od-kavadartsi-mobilizatsija-i-masovna-izleznost-kolku-poveke-glasaat-tolku-pogolema-ke-bide-silata-za-promeni/ Fri, 26 Apr 2024 20:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=771545

Во првиот круг издвојувавме огромна победа, која покажа дека народот е свесен за тоа што се случува во нашата татковина. Ова е револуција на народот, пред се затоа што преовладува чувството дека во сопствената земја народот стана кираџија. И тоа токму поради дуото СДСМ-ДУИ, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кавадарци.

Мицкоски посочи како ништо не функционира и како институциите не се во корист на граѓаните.

„Институциите повеќе не служат на народот. Се чека за пасоши, лични карти, за документи кои му следуваат на народот. Овој проблем го препуштија да го решава ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски, додека во секоја друга сфера има подеднакво назадување. Во здравството докторите и медицинскиот персонал протестираат. Доколку сакате било која здравствена услуга или ќе мора да платите или да побарате врски. Ако не е така ќе мора да чекате по ходници, ќе ве маткаат со процедури, додека не се откажете. Животниот стандард е под секое ниво. Корупција насекаде, правда никаде“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека проблемот е што ДУИ е газдата во државата.

„Нашите, вашите судбини зависат од стотина души на ДУИ кои контролираат се. Артан Груби и компанијата се господари на Македонија, но и одговорни за колективниот грабеж. Велат дека ДУИ никогаш немал подобар партнер за власт како СДС. Што и да им побарале, не добивале сто проценти, туку дупло двеста. И затоа е и сега нервозата во ДУИ, зошто знаат по овие избори ниту ќе имаат власт, ниту пак ќе имаат измеќари како СДС“, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека овие денови силно се ангажирани на две сценарија кои во суштина се завера против Македонија.

„Првото е сценарио на бојкот. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, при што Ковачевски оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му остави на СДСМ. И двете сценарија се губитнички за Македонија и удираат по нејзините основи“, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека решението за сето ова е масовна излезност.

„Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е само едно масовно гласање на избори. Колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски со порака од Кавадарци: Mасовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени appeared first on Република.

]]>

Во првиот круг издвојувавме огромна победа, која покажа дека народот е свесен за тоа што се случува во нашата татковина. Ова е револуција на народот, пред се затоа што преовладува чувството дека во сопствената земја народот стана кираџија. И тоа токму поради дуото СДСМ-ДУИ, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кавадарци. Мицкоски посочи како ништо не функционира и како институциите не се во корист на граѓаните.
„Институциите повеќе не служат на народот. Се чека за пасоши, лични карти, за документи кои му следуваат на народот. Овој проблем го препуштија да го решава ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски, додека во секоја друга сфера има подеднакво назадување. Во здравството докторите и медицинскиот персонал протестираат. Доколку сакате било која здравствена услуга или ќе мора да платите или да побарате врски. Ако не е така ќе мора да чекате по ходници, ќе ве маткаат со процедури, додека не се откажете. Животниот стандард е под секое ниво. Корупција насекаде, правда никаде“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека проблемот е што ДУИ е газдата во државата.
„Нашите, вашите судбини зависат од стотина души на ДУИ кои контролираат се. Артан Груби и компанијата се господари на Македонија, но и одговорни за колективниот грабеж. Велат дека ДУИ никогаш немал подобар партнер за власт како СДС. Што и да им побарале, не добивале сто проценти, туку дупло двеста. И затоа е и сега нервозата во ДУИ, зошто знаат по овие избори ниту ќе имаат власт, ниту пак ќе имаат измеќари како СДС“, изјави Мицкоски.
Мицкоски рече дека овие денови силно се ангажирани на две сценарија кои во суштина се завера против Македонија.
„Првото е сценарио на бојкот. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, при што Ковачевски оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му остави на СДСМ. И двете сценарија се губитнички за Македонија и удираат по нејзините основи“, кажа Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека решението за сето ова е масовна излезност.
„Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е само едно масовно гласање на избори. Колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски со порака од Кавадарци: Mасовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени appeared first on Република.

]]>
Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/bitiki-na-8-mi-maj-da-se-sprotivstavime-na-politikite-na-podelbi-za-splotena-i-silna-makedonija/ Fri, 26 Apr 2024 20:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=771551

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките на раздорот, на национализмот, на сеењето страв. Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи.

The post Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија appeared first on Република.

]]>

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките на раздорот, на национализмот, на сеењето страв. Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2. Тој порача дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.
„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.
Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.
„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.
„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи.

The post Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија appeared first on Република.

]]>
Николоски: На 8-ми мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-na-8-mi-maj-potrebna-e-masovna-referendumska-izleznost-za-vlada-na-vmro-dpmne-koja-nema-da-e-utsenuvana-od-nikogo-za-sdsm-i-dui-vo-opozitsija/ Fri, 26 Apr 2024 20:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=771542

„Во првиот круг му поставував прашања на Пендаровски, не одговори на ниедно. Наместо да одговара прашања, плаќаше ботови по социјални мрежи лично да ме навредуваат мене и моето семејство, народот му кажа што мисли за тоа. Но, морам да го прашам уште нешто затоа што се работи за злоупотреба на државни пари“, истакна носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски, на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кавадарци.

Тој продолжи и додаде:

„Пендаровски до денес не одговори дали ќе ги користи или нема да ги користи привилегиите кои ги следуваат поранешните претседатели, еднаш невешто одговори дека за тоа ќе се изјаснел во 2029 година, ама очигледно ќе треба да се изјасни на 12 мај затоа што тогаш и официјално му завршува мандатот, тоа е четири дена после изборите и мислам дека е чесно и кога ќе дојде тука во Кавадарци да каже дали ќе е пензионер со најголема пензија во Македонија и поранешен претседател кој најдолго ќе ги користи народните пари. А во меѓувреме е фер да каже уште вечерва ако може дали е вистина или не од пусти мерак за претседателствувања ама и за користење на привилегии дека побарал да му се отвори вилата во Охрид и ќе седел следни пет дена таму да искористи уште некој ден покрај охридското езеро, дали е вистина ова Стево Пендаровски и дали е вистина дека со цело друштво одиш таму да поседите уште некој ден на државен трошок, одговори пред граѓаните“, истакна Николоски.

Тој истакна дека на 8 мај треба уште помасовно да се излезе, во уште поголем број и разликата во Кавадарци да е уште поголема и додаде дека е потребна масовна референдумска излезност на 8 мај за влада која нема да е уценувана од никого, за СДСМ во опозиција, за ДУИ во опозиција.

„Ве повикувам да ја прочитате нашата програма Платформа 1198, тие не размислуваа на проекти и не реализираа проекти, затоа ние ќе реализираме. Ќе реализираме и експресен пат од Кавадарци до Неготино и спојување на Кавадарци со автопатот. Ќе реализираме и отворање на граничен премин со Грција како би станало многу блиску да се патува помеѓу Кавадарци и Воден и да се спојат овие два дела на географска Македонија. Ќе ги помагаме земјоделците, за лозарите достоинствени цени за виното и рестартирање на Повардарие како би се срушил монополот во откупот на грозје и производството на вино подостоинствен живот за сите, повеќе субвенции и повеќе ред за сите. Затоа на 8 мај масовно да излезете“, дециден е Николоски.

The post Николоски: На 8-ми мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција appeared first on Република.

]]>

„Во првиот круг му поставував прашања на Пендаровски, не одговори на ниедно. Наместо да одговара прашања, плаќаше ботови по социјални мрежи лично да ме навредуваат мене и моето семејство, народот му кажа што мисли за тоа. Но, морам да го прашам уште нешто затоа што се работи за злоупотреба на државни пари“, истакна носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски, на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кавадарци. Тој продолжи и додаде:
„Пендаровски до денес не одговори дали ќе ги користи или нема да ги користи привилегиите кои ги следуваат поранешните претседатели, еднаш невешто одговори дека за тоа ќе се изјаснел во 2029 година, ама очигледно ќе треба да се изјасни на 12 мај затоа што тогаш и официјално му завршува мандатот, тоа е четири дена после изборите и мислам дека е чесно и кога ќе дојде тука во Кавадарци да каже дали ќе е пензионер со најголема пензија во Македонија и поранешен претседател кој најдолго ќе ги користи народните пари. А во меѓувреме е фер да каже уште вечерва ако може дали е вистина или не од пусти мерак за претседателствувања ама и за користење на привилегии дека побарал да му се отвори вилата во Охрид и ќе седел следни пет дена таму да искористи уште некој ден покрај охридското езеро, дали е вистина ова Стево Пендаровски и дали е вистина дека со цело друштво одиш таму да поседите уште некој ден на државен трошок, одговори пред граѓаните“, истакна Николоски.
Тој истакна дека на 8 мај треба уште помасовно да се излезе, во уште поголем број и разликата во Кавадарци да е уште поголема и додаде дека е потребна масовна референдумска излезност на 8 мај за влада која нема да е уценувана од никого, за СДСМ во опозиција, за ДУИ во опозиција.
„Ве повикувам да ја прочитате нашата програма Платформа 1198, тие не размислуваа на проекти и не реализираа проекти, затоа ние ќе реализираме. Ќе реализираме и експресен пат од Кавадарци до Неготино и спојување на Кавадарци со автопатот. Ќе реализираме и отворање на граничен премин со Грција како би станало многу блиску да се патува помеѓу Кавадарци и Воден и да се спојат овие два дела на географска Македонија. Ќе ги помагаме земјоделците, за лозарите достоинствени цени за виното и рестартирање на Повардарие како би се срушил монополот во откупот на грозје и производството на вино подостоинствен живот за сите, повеќе субвенции и повеќе ред за сите. Затоа на 8 мај масовно да излезете“, дециден е Николоски.

The post Николоски: На 8-ми мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција appeared first on Република.

]]>
Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи https://republika.mk/vesti/svet/shpanskite-vlasti-zaplenija-25-toni-hashish-skrien-vo-kamion-so-dini/ Fri, 26 Apr 2024 19:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=771537

Шпанските власти соопштија дека заплениле 25 тони хашиш скриен во камион со дињи кој доаѓал од Мароко и патувал за Франција.

Стоката вредна 50 милиони евра е откриена во пристаништето Алгесирас, на југот на Шпанија.

Хашишот бил скриен во камион, во 22 дрвени гајби. Крајната точка на неговото патување бил градот Перпињан, кој се наоѓа на југот на Франција.

Пратката е најголемиот товар хашиш запленет на шпанските патишта од 2015 година, кога властите запленија 48 тони хашиш скриен во камиони, исто така во Алгесирас.

Шпанија се смета за главната точка преку која хашишот што доаѓа од Мароко влегува во Европа.

The post Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи appeared first on Република.

]]>

Шпанските власти соопштија дека заплениле 25 тони хашиш скриен во камион со дињи кој доаѓал од Мароко и патувал за Франција. Стоката вредна 50 милиони евра е откриена во пристаништето Алгесирас, на југот на Шпанија. Хашишот бил скриен во камион, во 22 дрвени гајби. Крајната точка на неговото патување бил градот Перпињан, кој се наоѓа на југот на Франција. Пратката е најголемиот товар хашиш запленет на шпанските патишта од 2015 година, кога властите запленија 48 тони хашиш скриен во камиони, исто така во Алгесирас. Шпанија се смета за главната точка преку која хашишот што доаѓа од Мароко влегува во Европа.

The post Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи appeared first on Република.

]]>
Во ДИК пристигнат еден приговор за постапката за гласање https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-dik-pristignat-eden-prigovor-za-postapkata-za-glasane/ Fri, 26 Apr 2024 19:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=771535

Истече рокот за поднесување приговори за постапката за гласање, до Државната Изборна комисија пристигна еден приговор за постапката на гласање во Липково, потврди за МИА Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на Државната изборна комисија.

Утре во 19 часот истекува рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа.

Доколку не се задоволни од одлуката на ДИК, кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак, треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

The post Во ДИК пристигнат еден приговор за постапката за гласање appeared first on Република.

]]>

Истече рокот за поднесување приговори за постапката за гласање, до Државната Изборна комисија пристигна еден приговор за постапката на гласање во Липково, потврди за МИА Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на Државната изборна комисија. Утре во 19 часот истекува рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа. Доколку не се задоволни од одлуката на ДИК, кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак, треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

The post Во ДИК пристигнат еден приговор за постапката за гласање appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова од Крушево порача: Крушевчани имаат на што да бидат горди! Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе! https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-od-krushevo-poracha-krushevchani-imaat-na-shto-da-bidat-gordi-ke-pokazham-i-ke-dokazham-deka-sum-tuka-poradi-graganite-ne-poradi-sebe/ Fri, 26 Apr 2024 19:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=771531

Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача:

Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.

Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок.

Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе.

Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!

Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните.

The post Сиљановска Давкова од Крушево порача: Крушевчани имаат на што да бидат горди! Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе! appeared first on Република.

]]>

Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево. Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача: Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата. Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок. Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе. Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија! Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните.

The post Сиљановска Давкова од Крушево порача: Крушевчани имаат на што да бидат горди! Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе! appeared first on Република.

]]>
На иницијатива на Факултетот за драмски уметности УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ https://republika.mk/vesti/kultura/na-initsijativa-na-fakultetot-za-dramski-umetnosti-ukim-donese-odluka-za-osnovane-na-fondatsija-goran-stefanovski/ Fri, 26 Apr 2024 19:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=771394

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси.

Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми:  „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

The post На иницијатива на Факултетот за драмски уметности УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата. Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси. Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто. Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории. Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми:  „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

The post На иницијатива на Факултетот за драмски уметности УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-naroden-miting-na-vmro-dpmne-vo-kavadartsi/ Fri, 26 Apr 2024 18:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=771529

The post ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

The post ВО ЖИВО: Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>