сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 21 ново

Кој е напаѓачот кој уби 12 лица во Калифорнија – што сè е познато за него? (Видео)

Напаѓачот кој вчера околу 23:20 часот по локално време отвори оган во ноќен клуб во Калифорнија е идентификуван како Иан Дејвид Лонг, 28-годишен поранешен маринец.

Неговото тело било пронајдено во клубот по пукањето, а полицијата верува дека тој се самоубил. Нападот го извршил со пиштол, убивајќи 12 лица од кои поголемиот дел биле млади лица.

Медиумите пренесуваат дека Лонг бил ветеран и служел во американската морнарица од август 2008 година до март 2013 година. Маринецот ѝ бил познат на полицијата од претходно поради неколку помали инциденти како сообраќајни прекршоци и неколку неплатени казни за паркирање.

Кон крајот на 2015 година, Иан Дејвид бил нападнат во еден локален бар во Калифорнија по што интервенирала полицијата.

Страдал од посттрауматичен стрес

На конференцијата за новинари, окружниот шериф изјавил дека соседите кои го познавале Лонг велат дека тој живеел сам со својата мајка.

Шерифот се присетил и на случајот кога полицијата интервенирала во неговиот дом во април оваа година.

“Се однесуваше ирационално, моравме да испратиме интервентни сили и докторски тим”, додал тој. Иако не открил повеќе детали за инцидентот, изјавил дека Лонг тогаш одбил да биде присилно хоспитализиран во психијатарска институција па затоа било потребно да се повикаат и специјалци.

Соседите тврдат дека мајката на убиецот “живеела во страв” и се плашела дека нејзиниот син еден ден би можел да направи нешто страшно. Инаку, Иан Дејвид пател од посттрауматичен стрес.

“Очигледно се случувало нешто во неговата глава, нешто што навел да го направи ваквиот злочин. Очигледно имал големи проблеми”, изјавил шерифот.

“CNN” пишува дека убиецот го посетувал универзитетот Нортриџ во Калифорнија. Последниот пат бил виден на факултет во 2016 година.

Мотивот на нападот останува непознат
За потсетување, пукањето започнало во 23:20 часот по локално време во средата, околу 65 километри северозападно од Лос Анџелес.

Наводно, за време на нападот во барот “Borderline Bar and Grill” имало најмалку 200 луѓе. Лонг бил вооружен со легално купен пиштол и имал дополнителен шаржер. Мотивот за нападот се уште не е утврден.

Што се случило?
Студентската вечер на кантри музика била во тек, кога осомничениот облечен во црно влегол во барот и почнал да пука, изјавиле очевидците.

Во извештаите се наведува дека осомничениот можеби користел димна бомба и најмалку едно оружје кое очевидците ја опишале како полуавтоматска пушка.

“Се фрливме на подот, слушавме врисоци. Мојата пријателка која беше диџеј ја прекина музиката, беше хаос”, изјавил маж кој бил повреден при нападот.

Се криеле во тоалетите.

Кои се жртвите?
Се уште не се знае идентитетот на останатите 12 жртви, но познато е дека вечерта на кантри музика била популарна помеѓу студентите.

По повод трагичното пукање се огласил универзитетот Пепердин кој објавил дека поголем дел од нивните студенти биле во барот кога напаѓачот отворил оган.

“Универзитетот утврдил дека повеќе студенти на Пепердин биле во барот “Borderline Bar and Grill” во Таузенд Оукс. Во овој момент универзитетот работи на утврдување на нивните идентитети и пружање поддршка на студентите”, се наведува на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top