вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 46 ново

Ќе дојде ден кога Кацарска-судството ќе заврши

Вечерва во емисијата на ТВ Алфа „Отворено со“, каде гостин е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, новинарот го запраша Моцкоски за гранациите за кои Јоханес Хан твитна веднаш по средбата на ЕПП

Какви гаранции му дадовте на Хан?

-Перцепцијата кај поедини политичари е дека ние овдека се однесуваме како луѓе кои на недостоинствен начин ги третираат и другите луќе. Не станува збор за такви чекори, На ВМРО -ДПМНЕ не му паѓа напамет да се заканува. Ние ќе ги користиме сите демократски методи, за разбирање со пратениците. Никогаш не сме ни помислувале да се занимаваме со било какво насилство и уцени. Но сведочењето на овие луѓе се богами поинкави.

Запрашан дали некој вршел силен притисок врз тие пратеници за да гласаат за уставни измени, Моцкоски одговори:

-Имаме една пратеничка која гласаше за уставните измени, а ги напаѓаше жестоко што не можев да верувам дека е истата личност, потоа видовме дека истата пратеничка гласа за тие измени.

Па имаме пратеник кој е потпишан на документ дека нема да гласа за уставните измени, а по неколку дена гласал. Станува збор затоа дали се под притисок или не?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Отвореното студиo на телевизија Алфа говорејќи како што вели за политичкиот прогон кој го спроведува актуелната власт, поточно за политичкиот процес против екс премиерот Никола Груевски посочи дека ќе дојде времето кога ќе заврши Кацарска судството. Мицкоски ја спомена судијката Добрила Кацарска која го водеше предметот на СЈО ,,Тенк” во кој е обвинет почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, токму за неа Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека го дискриминирала екс премиерот Никола Груевски.

– Судството не само што не се реформира и не иде напред туку дополнително се влошува состојбата. Но морам да кажам дека Кацарска судството кога тогаш ќе заврши и ќе дојде вистински судство со вистински судии кои што ќе судат непристрасно и ќе бидат ослободени од стегите на политичарите, вели Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ има докази, но на кое судство да ги дадеме, на Кацарска, а да очекуваме правда и правдина? Верувајте, ќе дојде време кога се ќе излезе на виделина за тој црн петок како ние што го нарекуваме, истакна вечерва Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top