вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Го преживеал масакрот во Вегас , но загинал во ноќниот клуб во Калифорнија

Момче кое го преживеало минатогодишниот масакр во Лас Вегас , е убиен во нападот во ноќен клуб во Калифорнија.

Во нападот во Лас Вегас беа убиени 58 лица , а еден од преживеаните е 27 годишниот Телемархус Орфанос , кој вчера е убиен во масакрот во ноќниот клуб во местото Таусенд Оукс во Калифорнија.

И масакрот во Лас Вегас и нападот во Калифорнија се случиле на настан со кантри музика, во Вегас имало кантри фестивал , а во ноќниот клуб имало кантри забава , чиј љубител бил Орфанос.

Во ноќниот клуб во Таузенд Оукс се убиени 12 лица на возраст од 21 до 28 години. Таткото на загинатото момче за локалните медиу и изјавил

,, Посебно е иронично дека откако го преживеа најголемиот масакр во поновата историја , е убиен во својот роден град.”

Масовното убиство во ноќниот клуб во Таузенд Оукс го изврши 28 годишниот Јан Дејвид Лонг , поранешен маринец , кој страдат од пост трауматски синдром откако се вратил од Авганистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top