вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 86 ново

Со солзи во очите, Адријана Лима се прости од „Викторија’с сикрет“ (Видео)

Вчеравечер во Њујорк се одржа спектакуларна ревија на модната куќа „Викторија’с сикрет“, а една од најпопуларните манекенки, Адријана Лима, последен пат прошета по пистата со препознатливите крилја на грбот.

Популарната манекенка го искористи овој момент за да се прости од публиката и од модниот бренд чие заштитно лице беше подолго време од која било друга манекенка. Во краткиот видеоклип објавен на социјалните мрежи, Адријана ја синтетизира својата манекенска кариера долга две децении и се покажа во разни изданија на ревиите на „Викторија’с сикрет“.

Ова беше нејзино 20. шоу за овој бренд. „Драга Викторија, ти благодарам што ми го покажа светот, што ги сподели своите тајни и најважно не ми даде само крилја туку ме научи и да летам“, напиша Лима на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top