вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Шехтански: Задоволни сме од исказот на сведокот за убиството на Никола Саздовски

По завршување на денешното прво рочиште за убиството на 20 годишниот Никола Саздовски, адвокатот на семејството на починатиот Никола, Ванчо Шехтански изјави дека е задоволен од исказот на девојката на Никола, која била на лице место кога се случил нападот.

„Според член 57 од Законот за кривично право, како полномошно на оштетените максимално ги користиме сите овластувања, максимално учествуваме во постапката. Задоволни сме од исказот на денешниот сведок и со оглед на тоа ги демантираме изјавите на одбраната дека смртта настанала поради железен предмет, кој бил поставен на автобуската, а не од ударите на напаѓачите. Исто така со исказот на сведокот се демантира и изјавата дека нападот траел само 1 минута“, рече Шехтански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top