сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 17 ново

Дара Бубамара отворено кажа дека не и се допаѓа: Розга е вообразена и лигава!

Фолк пејачката Дара Бубамара е позната по остриот јазик и директната комуникација со новинарите.

За време на интервјуто во емисијата „Ексклузивно“ таа ја прозва пејачката Јелена Розга поради нејзиниот однос кон седмата сила.

Новинарот сакаше да дознае во каква емотивна состојба е Дара, а тогаш таа ја спомена колешката како негативен пример за соработка со медиумите.

Не сакам да бидам како некои Розги кои што се лутат. Не знам што да ти кажам за својот емотивен статус. Ако кажам дека сум слободна, тогаш тешко мене мајко, затоа што и вака не можам да се одбранам од мажите, одговара Дара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top