вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Камчев: Отворени сме и транспарентни  за секој инспекциски надзор

Во врска со денешниот инспекциски надзор во дел од фирмите  поврзани со „Орка Холдинг“, оттаму реагираа преку  соопштение до јавноста, пренесувајќи ја изјавата на извршниот директор на Орка Холдинг, Јордан Камчев.

-Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3000 лица, максимално сме отворени и транспарентни  за секој инспекциски надзор.

Компаниите во кои сум сопственик, со целосна одговорност изјавувам дека, ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани  секаков сомнеж околу нивното работење.

Отврени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјва, а пред се во интерес на одржување на квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјава – напиша Јордан Камчев во соопштението до јавноста.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top