вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Групна тепачка во црквата „Св.Димитрија“ за Митровден, еден повреден итно пренесен на скопските клиники

Вчера околу 12 часот во СВР Струмица било пријавено дека во дворот на црквата „Св.Димитрија“ во село Баница, струмичко, за време на прослава по повод верскиот празник Митровден, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Д.М. (31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28).

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top