вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Припаѓате на некој од овие 5 знаци? Ова ќе биде зимата на вашиот живот!

Зимските месеци ќе бидат многу тешки за некои хороскопски знаци кога е љубовта во прашање, но на одредени знаци, токму најстудените месеци ќе им донесат многу романтични мигови

Некои знаци конечно ќе откријат што сакаат, додека на другите, јануари и февруари ќе им донесат голема самодоверба и позитивни емоции. Ви откриваме кои знаци од зодијакот ги чека голема љубов во текот на претстојната зима…

Бик

Во текот на јануари и февруари, среќата ќе игра клучна улога во вашиот љубовен живот. Луѓето кои ќе ги сретнете ќе ги подигнат вашите самодоверба и морал. Затоа, ова е одлично време да видите колку можете да го отворите вашето срце.

Колку повеќе време им посветувате на работите и луѓето што ги сакате толку подобро ќе се чувствувате за време на зимската сезона. Во првата половина на декември може да запознаете мистериозна скорпија, а кон крајот на годината – харизматичен јарец.

Рак

Интуицијата во голема мера ќе ви послужи на љубовно поле, па ќе изградите односи кои ќе имаат позитивно влијание на вас. Не е време за да ја изразувате вашата вознемиреност.

Бидете јасни кога се во прашање вашите потреби и видете кој ќе биде подготвен да ги исполни вашите желби. Во декември на дамите може да им се додворува некој бик или јарец.

Лав

Што навистина сакате? Престанете да инвестирате во односи кои не напредуваат и не ве исполнувате, но не му дозволувајте на вашето его да завладее. Вие сте силни и горди и токму тоа може да биде она што ви треба, но и тоа што ќе ве одведе во пропаст.

Слушајте го вашето срце и интуиција и побарајте го она што навистина ви треба. Ќе бидете изненадени од резултатите. Ако сте слободни, можно е да запознаете некој кој носи униформа на работа.

Стрелец

Искуствата што ќе ги доживеете оваа зима ќе ве подготват за големи промени љубовен план. Обрнете внимание на оние работи што ве прават несигурни, параноични и нестабилни, како и на оние кои ви носат позитивни работи.

Кога сè ќе ви стане јасно, ќе знаете во која насока треба да се движите во љубовта. Обидете се до крајот на годината подобро да ја запознаете личноста поради која ќе посакате да направите пресврт на љубовен план.

Водолија

Можеби мислите дека не сте расположени за флертување. И тоа е во ред. Искуството од последните неколку години ве научило да ги почитувате вашите желби и потреби. Но исто така и ве научило да ги контролирате само работите што можете да ги контролирате и да не се грижите за останатото.

Поради тоа оваа зима брзо ќе најдете начин да се вљубите и ќе изградите врска што навистина ви одговара. На службено патување или предавање можно е да запознаете близнак или овен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top