вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 84 ново

Собранието не прифати денеска да се расправа за Законот за амнестија за „27 април“

Парламентарното мнозинство не го прифати барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ Никола Мицевски дел од дневниот на ред на денешната 65. седница да биде Предлог-законот за амнестија на лицата обвинити, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април.

Мицевски рече дека дел од дневниот ред станале шест-седум закони по скратена постапката за кои не биле информирани, а не се става на седница законот што го предлагаат.  Со поддршката за законот, како што кажа, власта ќе покаже дека намерата е навистина да се работи во насока на помирување, а се друго, како што рече би било политиканство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top