вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 86 ново

Потегот на Ријека го налути Ристовски: И тие на вас ќе ви честитаа… (фото)

Синоча тимот на Динамо Загреб обезбеди пласман во нокаут фазата во Лига Европа, а нивниот најголем конкурент во Хрватска, тимот на Ријека им честиташе на успехот преку социјалните мрежи.

Македонскиот репрезентативен десен бек Стефан Ристовски беше еден од милениците на навивачите на Риека, „Армада“, па тој денеска ги собра уште еднаш симпатиите на приврзаниците, откако луто и иронично ја искоментира честитката од неговиот поранешен клуб кон загрепски Динамо.

– И тие на вас ќе ви честитаа, иронично прокоментирал Ристовски на Фејсбук како коментар на честитката на Ријека.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top