вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 54 ново

А, чија работа е тоа? Спасовски вели мора нешто да се преземе и со кучињата скитници и со безбедноста на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој денеска беше во посета на новите 550 кандидати за полициски службеници во Центарот за обука во Идризово, на новинарско прашање дали е завршена истрагата за смртта на девојчето од Гостивар, со оглед на тоа што градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари вчера изјави дека првчните информации за трагедијата се неточни и случајот повеќе се политизира, потенцира дека истрагата трае и нема да коментира додека не заврши и биде објавено од страна на јавното обвинителство.

– Не сакам да навлегувам во тие политички игри, политички флоскули кои ги пласираат едните или другите. Очигледно е дека нешто мора да се преземе и со кучињата скитници и со безбедноста на граѓаните во тој дел во кој се надлежни локалните самоуправи, со цел тој систем на јавна безбедност да биде заокружен од сите институции. Јавната безбедност не е само МВР, сите ние треба да придонесеме. Јавна безбедност е и осветлувањето затоа што анализите покажуваат дека на неосветлените места се случуваат најголем број кривични дела. Тоа е комплексен проблем – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Таткото на починатото девојче од Гостивар: Јас почувствував и никој друг да не почувствува, многу е тешко

Додека првиот човек на МВР се обидува да ја одбегне одговорноста за состојбата по улиците на Скопје, но и останатите градови низ Македонија, билтенот го покажува спротивното. Во полициските станици дневно се пријавуваат по минимум еден нов случај со напад на кучиња скитници. Граѓаните не можат без страв да го поминат Камен мост, ниту, пак, со велосипед да поминат низ плоштад. За оние подалечни населени места, каде се уште нема ни соодветно улично осветлување, не ни зборуваме.

За иронијата да биде уште поголема, синоќа во близина на  МТВ и хотелот ВИП, од куче бил нападнат и полициски службеник.

Пронајдено кучето што искаса полицаец: Во Скопје нема вакцина против тетанус

Според премиерот Зоран Заев, пак, вкој чера изрази жалење за трагедијата што се случи во Гостивар, проблемот со бездомните кучиња е во комплицираните закони кои општините не можат да ги постигнат. Тој додаде дека треба да се следат препораките на ветеринарите.

Во тек е и кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците е дел од тригодишната стратегија што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство за да се обезбеди здравствена заштита и благосостојба на животните, да се поттикне одговорното сопствеништво и да се намали бројот на кучињата скитници по улиците низ државава.

Кампањата ќе трае до 31 март идната година. Обезбедени се 100.000 бесплатни микрочипови, а донацијата е по принципот „прв дојден, прв услужен“. АХВ досега има евидентирано 9.200 домашни миленици.

Нов закон: Кој ќе го остави своето куче ќе плати казна

Микрочипирањето е безбедно и безболно за милениците. Микрочипот содржи информации за сопственикот на миленикот, расата на кучето, полот, возраста и за тоа дали и кога е вакцинирано против болеста беснило.

Но, во моментот низ Скопје, бездомните кучиња што се заловуваат, па по нивното маркирање, се враќаат на улиците, се речиси 6.000 илјади на број, земено според процентот на досега заловените кучиња и нивната старосна граница.

Прашањето кое се наметнува по оваа изјава на министерот Спасоски е што додека овој систем проработи (ако проработи). Чија работа е безбедноста на граѓаните, каде во 2018 година (!) уште по живот се заканувачки уличните животни?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top