сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 20 ново

Обвинетите не се чувствуваат виновни за свирепо убиство на Саздовски

Обвинетите за претепувањето до смрт на младиот Никола Саздовски, Бесир Беља и Скендер Демири кои се товарат за убиство на свиреп начин изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар.

Судскиот процес започна денеска, а адвокатот на одбраната Насер Рауфи, најави дека тие во текот на судењето ќе се насочат кон докажување дека немало умисла да се лиши од живот 20-годишниот Саздовски.

Покрај двајцата обвинети кои се наоѓаат во притвор во Шутка, обвинето е уште едно лице, кое се наоѓа во бегство и за кое е распишана домашна и меѓународна потерница.

Дваесетгодишното момче почина на 9. јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни. Неколку дена тој беше во кома на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top